Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Димовски: Расте свесноста кај операторите со храна и кај граѓаните за важноста од почитување на стандардите за безбедност и квалитет

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски денеска се обрати на настанот организиран по повод одбележувањето на Светскиот ден на безбедноста на храната – 7 Јуни и јубилејот 15 години од формирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство – стои во соопштението од кабинетот на Димовски. Во своето обраќање Димовски истакна дека јубилејот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски денеска се обрати на настанот организиран по повод одбележувањето на Светскиот ден на безбедноста на храната – 7 Јуни и јубилејот 15 години од формирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство – стои во соопштението од кабинетот на Димовски.

Во своето обраќање Димовски истакна дека јубилејот на Агенцијата претставува сведоштво за петнаесет години посветена и одговорна работа, континуирано јакнење на институционалните капацитети и унапредување на системите за контрола на безбедноста на храната и храната за животни.

Тој нагласи дека во услови на глобални предизвици, како што се климатските промени, појавата на нови болести и нарушувањата во синџирите на снабдување, безбедноста на храната станува прашање на национална безбедност, јавно здравје и доверба во институциите. Притоа посебно го истакна значењето на концептот „Eдно здравје“, кој ја нагласува поврзаноста меѓу здравјето на луѓето, животните и животната средина.

Реклама

Димовски оцени дека паралелно со институционалното зајакнување расте и свесноста кај операторите со храна за важноста од почитување на стандардите за безбедност и квалитет, како предуслов за доверба, конкурентност и одржлив развој. Тој посочи дека охрабрува и зголемената свесност кај граѓаните како потрошувачи, кои сѐ поактивно ги бараат и ги штитат своите права на безбедна и квалитетна храна.

На настанот се обрати и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, кој истакна дека безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин. Тој нагласи дека довербата на граѓаните во институциите е најголемата одговорност на Агенцијата и потсети дека од нејзиното формирање во 2011 година континуирано се гради ефикасен, транспарентен и современ систем за контрола на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните.

Миланов информира дека во текот на минатата година биле спроведени повеќе од 47 илјади инспекциски надзори, при што биле изречени над 6.700 мерки за утврдени прекршоци. Тој истакна дека Агенцијата постојано ги зајакнува лабораториските контроли, мониторинг-програмите и системите за брзо известување и управување со ризици, со цел обезбедување највисоко ниво на заштита на потрошувачите.

Димовски ја потврди посветеноста на Владата за натамошно јакнење на капацитетите на Агенцијата за храна и ветеринарство и на сите институции кои се дел од системот за заштита на здравјето на граѓаните истакнувајќи дека крајната цел е секој граѓанин да биде сигурен дека храната што секојдневно ја консумира е безбедна, контролирана и произведена во согласност со највисоките стандарди.