Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ковачки: СДСM и Филипче како адвокат по службена должност на Бугарија, прават политикантство од националните интереси на штета на сопствената држава

На Алфа телевизија гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, кој упати критики кон СДСМ, оценувајќи дека партијата треба повеќе внимание да посвети на сопствената организација и коалициски односи, наместо на политичките напади кон ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение. Ковачки изјави дека СДСМ се соочува со внатрешни предизвици и, според него, треба […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Алфа телевизија гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, кој упати критики кон СДСМ, оценувајќи дека партијата треба повеќе внимание да посвети на сопствената организација и коалициски односи, наместо на политичките напади кон ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.

Ковачки изјави дека СДСМ се соочува со внатрешни предизвици и, според него, треба да си ја преиспитаат својата реторика и политичка насока.

„СДСМ може да зборуваат што сакаат, тие треба да си погледнат малку во своите редови, да не се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ кое ќе ги прегази на следните парламентарни избори кога и да се случат. Она што можам да го кажам за нив и да им упатам порака дека треба да внимаваат малку и на сопствените редови и на сопствената коалиција, да не прават фронтови коишто однапред им се пробиени и коишто ќе им донесат штета. Значи треба да ја сменат реториката треба да се навратат кон сопствената идеологија која ја изгубија во меѓувреме додека беа во владата под раководство на ДУИ, така да би рекол да внимаваат малку што зборуваат кон својот политички опонент којшто на следните избори ќе ги прегази“, вели Ковачки.

Реклама

Осврнувајќи се на реформските процеси во земјата, Ковачки оцени дека за време на владеењето на СДСМ биле реализирани мал дел од предвидените реформи, додека актуелната власт, како што рече, покажува поголема ефикасност во нивното спроведување. Тој истакна дека претходната власт правела отстапки кои, според него, биле на штета на националниот идентитет, историјата, културата и традицијата, додека актуелната Влада се фокусира на реализација на реформските процеси.

„СДСМ досега, во текот на нивното владеење ако имале, карикирам, 25 реформски процеси коишто требало да ги спроведат, тие спроведувале два, дваесет и три не ги спроведувале. Беа гласни затоа што правеа отстапки на сметка на националниот идентитет, на историјата, на културата, на традицијата, на сметка на нас самите, нешто што сега не е случај, сега карикирам повторно од 25 реформски процеси, два можеби нема да ги реализираме и токму затоа е стравот и паниката кај СДСМ, затоа се изгубени во комуникацијата со јавноста, веќе не знаат како да напаѓаат“, рече Ковачки.

Во своето гостување, Ковачки ја критикуваше и политиката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во однос на националните прашања.Тој порача дека дневнополитичките пресметки околу теми поврзани со државните интереси се штетни и мора да престанат.

„Вие од тоа да правите дневно политикантство, да им давате муниција на тие што од нас бараат да се покориме, тоа е дневно политикантство на штета на сопствената држава, на сопствениот народ, па дури и на сопствената партија. Тоа во моментот ни се случува, политикантство на дневна основа нешто што е крајно штетно, политикантство со националните интереси, и тоа мора да престане. Јас многу често го нарекувам Венко Филипче дека е адвокат по службена должност на Република Бугарија. Некои го нарекуваат специјален претставник и така натаму, како и да се нарече во тој дел нема да се погреши затоа што начинот на којшто дневно комуницира со јавноста и прави политикантство од националните интереси, откривајќи ја македонската слаба страна а тоа е необединетоста за која тие не сакаат да пристапат со нас и да се обединиме, а сите други се обединети со нас, уште еднаш покажува дека станува збор за луѓе коишто не и мислат добро на татковината“, истакна Ковачки.