Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Муцунски: За уставни измени треба доверба и гаранции, скоро сите земји членки немаат проблем со тоа, освен една

Македонија останува посветена на реформите и исполнување на обврските од Европската агенда со цел членство во ЕУ. Според досегашните резултати земјава е лидер во регионот, а Муцунски очекува тоа да биде валоризирано во извештајот за напредокот на земјава од ЕП. За Муцунски проблем претставува судството, за што очекува да има негативна оценка во извештајот. Тој […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува посветена на реформите и исполнување на обврските од Европската агенда со цел членство во ЕУ. Според досегашните резултати земјава е лидер во регионот, а Муцунски очекува тоа да биде валоризирано во извештајот за напредокот на земјава од ЕП. За Муцунски проблем претставува судството, за што очекува да има негативна оценка во извештајот. Тој во целост се согласува со таа забелешка и очекува тука да се спроведат реформи за исполнување на уште еден критериум. Што се однеусва пак до спорот со Бугарија, Муцунски повтори дека очекува гаранции од Европската Унија, дека по внесување на Бугарите во уставот нема да има други препреки за да се реализира патот до Брисел.

Исто така очекувањето дека соседна Бугарија кога би очекувала ние да го внесеме бугарското малцинство во нашиот устав, најмалку што би можело да направи е да си ги исполни своите обврски согласно меѓународно јавно право, односно   тука мислиме на Европската конвенција за човекови права“, изјави Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и трговија.  

Како што сподели Муцунски, тој има претчуство дека ЕУ ќе помогне во забрзување на дијалогот помеѓу Софија и Скопје и надминување на пречките, за што Министерот вели дека ние ќе бидеме конструктивни, но очекува ист однос и од другата страна,.

Реклама

Очигледно е дека во моментов постои сериозен интерес од страна на земјите членки и европските институции за раздвижување на политиката за проширување и доколку тој интерес е искрен секако и за нашиот спор ќе се најде соодветно европско решение“, додаде Муцунски.

Муцунски дополни дека Скопје и Софија ќе разговараат и на настанот во Софија што треба да се одржи подоцна месецов, додека сега во фокусот е самитот ЕУ- Западен Балкан во Црна Гора. За таму, Муцунски очекува од прва рака да го слушне предлогот на Фридрих Мерц, германскиот Канцелар за неговата визија за паралелен пат кон Брисел, со што би можело да се забрзаат процесите за полноправно члество. Делегацијата на самитот во Тиват ќе ја предводи Премиерот Христијан Мицкоски и се очекуваа неколку билатерални средби.