Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против македонските национални интереси

Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска страна, без никакви гаранции и без никаква извесност за европската иднина на државата.

СДСM и Венко Филипче не нудат визија, не нудат план и не нудат решенија. Единствената политика на СДСM и Филипче е слепо прифаќање на сите барања кои доаѓаат однадвор, без притоа да покажат минимум достоинство и грижа за државните интереси.

Реклама

Филипче продолжува да ја пласира истата реторика која со години ја слушаме од бугарските власти дека Македонија мора безусловно да попушта, а Бугарија не мора да направи ниту еден чекор кон почитување на македонскиот народ и неговите права.

Наместо да се бори за подобра преговарачка позиција на Македонија, Филипче упорно се бори за спас на сопствената политичка кариера. Токму затоа секој негов јавен настап е исполнет со истите пораки, истите флоскули и истите притисоци врз македонскиот народ.

Време е Венко Филипче да разбере дека Македонија нема да оди напред преку понижувања, уцени и национални отстапки. Македонија ќе оди напред само со политики кои ги штитат државните и националните интереси, а не со политики кои служат на туѓи агенди.

Граѓаните заслужуваат политичари кои ќе ја претставуваат Македонија, а не политичари како Филипче кои ќе ги оправдуваат позициите на другите држави.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена кон европскиот пат, но тој пат треба да биде базиран на принципи а самиот процес да е кредибилен и предвидлив.