Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Министерството за правда: Реализацијата на развојната секторска стратегија за правосудството достигна 56,9 проценти, а реформите во судството и обвинителството надминаа 81 отсто

Министерството за правда (МП) денеска го промовира годишниот извештај за спроведувањето на развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 за 2025 година, документ што дава сеопфатен преглед на напредокот во реализацијата на реформите во правосудниот сектор. Во своето обраќање министерот за правда Игор Филков истакна дека резултатите покажуваат континуирана динамика во спроведувањето на реформските […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда (МП) денеска го промовира годишниот извештај за спроведувањето на развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 за 2025 година, документ што дава сеопфатен преглед на напредокот во реализацијата на реформите во правосудниот сектор.

Во своето обраќање министерот за правда Игор Филков истакна дека резултатите покажуваат континуирана динамика во спроведувањето на реформските процеси и јасна институционална посветеност кон унапредување на владеењето на правото.

Според извештајот, во текот на 2025 година биле предвидени 116 активности, од кои 66 се целосно реализирани, а 50 се во фаза на реализација. Вкупната стапка на спроведување достигнала 56,9 проценти.

Реклама

Особено значајни резултати се постигнати во областа на судството и Јавното обвинителство, каде што реализацијата надминува 81 процент, а кај реформите поврзани со Уставниот суд стапката на реализација достигнува 75 проценти.

– Овие показатели претставуваат потврда дека реформите се движат со јасна динамика и носат конкретни резултати. Секој реализиран чекор значи поефикасно правосудство, поголема правна сигурност и посилни институции – истакна министерот Филков.

Во рамките на настанот беше нагласено дека развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 останува клучен документ за модернизација на правосудниот систем и негово усогласување со европските стандарди.

Извештајот ги идентификува и приоритетите за следниот период, меѓу кои се понатамошната дигитализација на правосудството, јакнењето на институционалните капацитети, инвестирањето во човечки ресурси и унапредувањето на координацијата меѓу институциите.

Министерството за правда најави дека ќе продолжи со реализација на активностите од акцискиот план со цел создавање современ, ефикасен и транспарентен правосуден систем, кој ќе обезбедува владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите граѓани.

На настанот беше изразена благодарност до правосудните институции, партнерите од граѓанскиот сектор и меѓународната заедница за нивниот придонес во спроведувањето на реформите, како и до проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ за поддршката во подготовката на извештајот.