Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши

Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Македонските граѓани веќе еднаш ја […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции.

Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДСМ. Под изговор дека државата ќе стане членка на Европската Унија, беше сменето уставното име на Македонија. Наместо ветениот напредок, државата доби нови блокади, нови условувања и нови барања.

Реклама

Токму затоа, никој повеќе нема право да бара од македонскиот народ нови жртви врз основа на празни ветувања и дипломатски флоскули. Довербата што ја потрошија Заев, Филипче и СДС нема да се обнови со нови притисоци врз граѓаните.

Ако Филипче навистина сака напредок на европскиот пат, тогаш нека престане да врши притисок врз Македонија и нека побара од официјална Софија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Наместо да ја убедува Македонија повторно да попушта, нека ја убеди Бугарија да ги почитува европските вредности и европското право.

Пораката до Филипче и тие како него е јасна и недвосмислена, нема уставни измени без јасни гаранции од Европската Унија. Нема нови отстапки без конкретна испорака од бугарска страна. Нема повеќе политика на наведната глава и бескрајни отстапки кои не носат никакви резултати.

Македонија останува посветена на европската иднина, но како достоинствена држава која ги штити своите национални интереси, а не како држава од која постојано се бара да отстапува без да добие ништо за возврат.

Времето на еднострани концесии заврши. Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции без гаранции, без почитување и без реални резултати.