Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Едно на хартија, друго на вистина – кои млекари продавале млечни производи со лажни декларации?

Едно на декларација, друго во реалност – Агенцијата за храна и ветеринарство ги откри малверзациите на дел од млекарите: си пишувале лажни проценти на млечна маст на производите, а реалното присуство е далеку помало. Алфа дојде до имињата на млекарите кои продаваат млечни производи со лажни декларации. Се работи за над осум млекари кај кои […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едно на декларација, друго во реалност – Агенцијата за храна и ветеринарство ги откри малверзациите на дел од млекарите: си пишувале лажни проценти на млечна маст на производите, а реалното присуство е далеку помало.

Алфа дојде до имињата на млекарите кои продаваат млечни производи со лажни декларации. Се работи за над осум млекари кај кои се утврдени лажно запишани вредности на производите. Меѓу нив се МИЛКОМ, млекара МАВРОВО, СЕНТИС АГ ТЕТОВО, ТЕТОВСКА МЛЕКАРА И ДРУГИ.

Меѓу оние во чии декларации на производите има најголема разлика се млекара Маврово, во чие мешано сирење на декларацијата стои дека има 24,5% млечни масти, а по анализата вистината е дека има 17,5%, односно 7 проценти помалку.

Реклама

Потоа, млекара Ѓорѓиеви, во чие козјо сирење на декларацијата на производот стои дека има 23% млечни масти, а анализата покажала дека се 16,3%, или над 6 проценти помалку. Меѓу најдрастичните разлики од лажната декларација до вистинската масна вредност е најдена кај млекара Бела Фарм, во чија урда е утврдено дека има дури 19,46 проценти помалку масти отколку што стои на производот. Тука некаде е и млекарата Златибор Србија, која увезува златиборско ситно сирење со 14,3% млечна маст помалку од лажно впишаната на самиот производ.

Агенцијата за храна и ветеринарство претходно соопшти дека земале мостри и лабораториски анализирале 45 примероци од млеко и млечни производи, а кај 10 оператори е утврдено дека мострите не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Агенцијата веќе информираше дека на производителите им се изречени соодветни парични казни и повлекување на производите од продажба. Од таму најавуваат дека се чекаат и резултатите од анализите на мостри земени од сувомеснати производи, за да се види дали и кои пишуваат лажни вредности на декларациите.