Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија

Потребата од згрижувачки семејства е постојана. Потребно е да се зголеми свеста за оваа хумана работа, но и да се направат системски промени за да се овозможи развој на ваквиот тип на семејства, односно да се понудат повеќе мотивирачки решенија од страна на Министерството за социјална политика. Вакви пораки денеска испратија претставниците на надлежните институции […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребата од згрижувачки семејства е постојана. Потребно е да се зголеми свеста за оваа хумана работа, но и да се направат системски промени за да се овозможи развој на ваквиот тип на семејства, односно да се понудат повеќе мотивирачки решенија од страна на Министерството за социјална политика. Вакви пораки денеска испратија претставниците на надлежните институции на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства. 

Настанот се одржа во Зоолошката градина – Скопје со присуство на сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, претставници на општини и на институции, донатори и згрижувачки семејства.

Директорката на Домот „11 Октомври“, Павлина Трајановска, со апел секој што има можност да го отвори својот дом и да им подаде рака на децата во социјален ризик. 

Реклама

– Потребно е да се промени целосно менталниот склоп на населението во Македонија, сè уште свесноста не е на високо ниво за секој од нас како семејство да почне да размислува да им помогне на овие деца, да го отвори својот дом и да им даде љубов, поддршка и социјална суверност. Формата за згрижување е привремен облик на социјална заштита. Времетраењето на згрижувањето е онолку колку што е потребно и во интерес на самото дете – вели Трајановска. 

Според директорката на СОС „Детско село“, Јулијана Гапо, згрижувачките семејства се најдобриот модел за детето и најевтиниот за државата поради што државата треба да стори нешто за да ги мотивира семејствата да згрижуваат. Вели дека потребата од згрижувачки семејства е секојдневна, но, за жал, нема доволна заинтересираност.

– Потребни ни се системски промени за да се овозможи развојот на згрижувачките семејства, односно да имаме повеќе згрижувачки семејства, а за да го имаме тоа, мора да се понудат некои мотивирачки решенија од страна на Министерството, јас би рекла утре да се отворат 100 згрижувачки семејства, сите ќе бидат пополнети во рок од 48 часа. За жал, нема доволна заинтересираност. Да речеме, ако се јават три згрижувачки семејства, нам ни требаат 10, така што цело време сме во некаков недостиг од згрижувачки семејства – вели Гапо. 

Во земјата во моментот има 384 згрижувачки семејства, каде што се сместени 664 лица и ова е константна бројка во текот на годините. Сепак, заменик-министерот за труд, Ѓоко Велковски, вели дека се работи за жива материја, која секојдневно се менува. 

– Како Министерство заедно со ресурсните центри во Битола и СОС „Детското село“ продолжуваме со кампањата за го зголемиме бројот на згрижувачки семејства за да може сите дечиња, кои, за жал, животната судбина ги оставила на таков момент, да имаат каде да се згрижат и да го добијат она што е најблиску до нивниот дом, а тоа е згрижувачкото семејство – вели Велковски.

Согласен е дека бројката на згрижувачки семејства треба да биде поголема за да има во секој момент слободно згрижувачко семејство, кое, доколку има потреба, може да згрижи дете во социјален ризик. 

– Тоа е тековен процес во кој денес може да немате ниту едно детенце, а утре да се појават повеќе деца, кои ќе имаат потреба да бидат згрижени – посочува Велковски.

Покрај кампањата за подигнување на јавната свест, Министерството и директно ги помага згрижувачките семејства со месечна финансиска поддршка.