Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Светски ден на згрижувачките семејства: дадете им дом и поддршка на децата кои немаат

Македонија во моментов има 384 згрижувачки семејства, каде што се сместени 664 деца и млади.  На Први јуни, меѓународниот ден на згрижувачките семејства надлежните потсетуваат дека згрижувањето деца е една од најхуманите работи. Центрите за поддршка продолжуваат да го зголемуваат бројот на згрижувачките семејства, со цел секое дете да расте во безбедна и поддржувачка семејна […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во моментов има 384 згрижувачки семејства, каде што се сместени 664 деца и млади.  На Први јуни, меѓународниот ден на згрижувачките семејства надлежните потсетуваат дека згрижувањето деца е една од најхуманите работи. Центрите за поддршка продолжуваат да го зголемуваат бројот на згрижувачките семејства, со цел секое дете да расте во безбедна и поддржувачка семејна средина.

ТОНСКО – Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади(0:52-1:32)

„Продолжуваме како кампања да го зголемуваме бројот на згрижувачки семејства, бидејќи навистина во секој еден момент во Македонија е потребно едно такво семејство да биде присутно за да можеме сите оние дечиња да имаат каде да се згрижат и да добијат она што е најблиску до својот дом а тоа е згрижувачко семејство. Како министерство ќе се трудиме овој систем да го подобруваме и во иднина и да даваме максимална поддршка на овие семејства кои што сакаат да згрижат дете“, изјави Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади

Реклама

Соодветни материјални услови, образование и психофизичко здравје се едни од условите што згрижувачките семејства задолжително треба да ги исполнуваат. Државната грижа е и финансиски надоместок,  преку 22 илјади денари месечно за секое семејство.  

„Потребно е да се промени целосно менталниот склоп на населението во Македонија, цвесноста не е на високо ниво. За секој од нас како семејство да може да почне да размислува да помогне на овие деца, да го отвори својот дом и да пружа љубов, поддршка и социјална сигурност за овие деца“, изјави Павлина Трајановска, Директор на ЈУ Детски дом „11 Октомври“

Од вкупно 3 центри за поддршка на згрижувачки семејства во Македонија, ЈУ Детски дом „11 Октомври“ покрива половина од нив – 180 семејства и околу 380 згрижени деца, додека СОС Детско цело поддржува околу 190 згрижени деца и млади.

ТОНСКО – Јулијана Гапо, Директорка на СОС Детско село(43-59)

„Да се покаже политичка волја за поддршка на згрижувачкиот систем од аспект на тоа што се потребни професионални, интервентни, специјализирани згрижувачи за деца со попреченост“, изјави Јулијана Гапо, Директорка на СОС Детско село

Надлежните апелираатдо сите заинтересирани и хумани граѓани да се информираат за можностите за згрижување и да станат дел од оваа значајна мисија, но и до министерствата – за уште подобар згрижувачки систем.