Реклама
Прилози

8 години од „27 април“ – организатори нема, извршителите гнијат во затвори

Организатори нема, терористи, според судот и обвинителството се уште има. Осум години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Организатори нема, терористи, според судот и обвинителството се уште има. Осум години по собраниските случувања од 27 април , обвинението за оние кои наводно го организирале целиот настан, падна во вода како неосновано, а наводните извршители се уште се во затвор, со казни повисоки од убијци. Обвинителството за организиран криминал призна дека немало основ за кривичен прогон бидејќи не се почитувал Законот за амнестија за настаните од 27 април, кој веќе бил во сила.  Бранителите на осудените – таканаречени извршители и во текот на судксиот процес, но и денес посочуваат на бројни апсурни ситуации во постапката. Постојано се потенцира дека правната квалификацијата „териростичко загрозување на уставниот поредок“ за настаните од 27 април не можеше и не смееше да се наметне.

„Збориме за пратеници кои што беа уценувани со нивната слобода за да си ја продадат државата, и збориме за апсолутна селективна правда во судовите која што ја видовме, збориме за тоа како судии одработија за тоа да не одат во пензија, туку да станат уставни судии, со тоа што ќе изречат 200 и кусур години затвор. Тоа што не треба да заборавиме има уште многу обвинети кои што скапуваат во затворите. Нивните семејства патат. Некои од нив веќе го напуштија овој свет, не можејќи да ја истрпат неправдата“, изјави адвокатот Драган Пешевски.

Пешевски кој е адвокат на осудениот Горан Ангелов Ќосето, вели дека тие луѓе кои гнијат во затворите, не се терористи и треба да бидат пуштени на слобода.

Реклама

„Ако имало пратеници кои што се уценети, нека се повикаат на службени разговори. Нека се каже дали биле уценети, нека дадат исказ кој што не смее да биде лажен, па нека се отвори постапка против оној кој што ги уценувал. Нека се отвори постапка и нека се види како одредени судии напредувале понатаму во кариерата, нека се отвори постапка и нека се види дали на легален и законит начин е избран претседател на Собрание, па ако не е, сите одлуки кое тоа Собрание понатаму ги донело, треба да бидат предмет на ревидирање. Најголем апел ми е, пуштете ги луѓето на слобода“, изјави Драган Пешевски.

По осум години поминати во затвор, пред речиси три месеци почина осудениот  Игор Југ во меоментот кога бил на прекин од издржување на затворската казна поради нарушено здравје. Југ починал од срцев удар,  дома, со семејството.

Во изминатиот период  дел од 17-мината осудени,  повеќепати јавно побараа   преквалификација на делото односно да одговараат за она што навстина го сториле,  а тоа не е терорирстичко загрозување на уставниот поредок.

Се што имам сторено имам сторено од патриотски прични и ако е терорист човек кој што си ја сака државата, човек што војувал во 2001-ва, бев во Лавовите и многу други работи сум направил за државата. И ако човек кој влегол без оружје, без никакво насилство во Собранието, тогаш нека бидам терорист, вели Горан Ангелов на прашањето дали се чувствува како терорист“ изјави Горан Ангелов Ќосето.

Тоа што македонските судови со години како да не сакаа да го видат, многу јасно го видоа во Стразбур.. Тамошниот суд за човекови права, пресуди во корист на обвинетите.. Од таму има неколку пресуди кои ги потврдија аргументите на одбраната за политичко гонење на обвинетите за настаните од 27-ми април. И не само Стразбур, туку и шведскиот суд е со став дека осудените од 27 април се политички затвореници. Тамошниот Врховен суд не го испорача  Дејан Давидовски Дешо иако тогашните македонски власти го бараа тоа, со образложение дека наместо за протест, обвинетите се гонат за тероризам.

Семејствата на осудените во изминатите осум години зборуваа за монтиран судски процес со цел да се исплаши и замолчи народот .