Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Свет

78 години од нуклеарниот напад врз Нагасаки

Јапонија им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јапонија им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје.

Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба смело да го отфрлат, кое, како што велат, им служи за нуклеарно одвраќање.

Оваа порака градоначалникот ја упати на комеморацијата, која беше многу помала од вообичаеното бидејќи Јапонија се соочува со минување на тајфун. Токму поради тајфунот Кануна, кој носи обилни дождови и силни ветрови, на комеморацијата не присуствуваа гости од Јапонија и странство, меѓу кои и премиерот Фумио Кишида.

Реклама

По првпат од 1963 година, комеморацијата на жртвите не се одржа во Паркот на мирот Нагасаки, туку во изложбена сала.

Потсетување, на 9 август 1945 година, катомска бомба беше фрлена на Нагасаки. Само во градот Нагасаки 70.000 луѓе загинаа директно од експлозијата, а 75.000 други беа повредени. Три дена претходно, САД фрлија атомска бомба и го уништија градот Хирошима. Во двата атомски напади загинале меѓу 129,000 и 226,000 луѓе, од кои повеќето биле цивили, и тоа останува единствената употреба на нуклеарно оружје во вооружен судир. Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година.