Во последните 5 години од Македонија се иселиле околу 60.000 млади,а истражувањата покажуваат дека секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат на студии во странство.Начесто ги бираат земјите членки на ЕУ,посебно Словенија која за идните академци стана ветена земја.Ги прашавме средношколците зошто според нив врсниците им заминуваат надвор на школување и дали тие би ја напуштиле Македонија ?
-“ Па искрено размислуваат доста меѓутоа се трудам да ги убедам бидејќи имаме доста можности; -Не многу предобри ама не се ни лоши,јас лично одличен ученик сум, но во 4 години сите години аплицирав не добив ни еднаш стипендија и плус сум државен првак во мојата струка машински техничар;-Сега за сега размислувам да си продолжам во Скопје да си го продолжам моето студирање на Машински факултет”
Иако бројот на студени во однос на период од пред 20-30 години е многу намален, универзитетските професори велат причина за тоа е намалениот наталитет и иселувањето на цели семејства.

“Ако видиме и бројот на ученици ни се намалува,генерално едни се иселуваат од почетокот на една школска година до крајот на другата школска година во некои градови дури пола класови се отселуваат”-вели Александра Силоска Николова –универзитетски професор
Ако индустријата се појача што зависи главно од политиката на нашата држава, ќе се појача интересот за студирање дали на машински,електро или на другите факултети”-вели доцент Александар Герасимоски
Државата и универзитетите прават огромни напори да ги задржат студентите дома,бидејќи нашите дипломи се меѓународно признати,а квалитетот на обрзованието не заостанува зад другите земји.
“Станува можеби збор за некој моментален тренд и помодарство кај младите, во контакт со колеги од другиве држави, не станува збор само за македонските студенти тој тренд е широко распростанет кај други каде,каде поразвиени западно европски земји од нас”-вели Билјана Ристаќовска Ширговска,асистент
Сепак дел од оние кои заминале не купиле билет во еден правец, добар дел од нив се вратиле и сега градат успешна кариера во нашата земја.
Можеби заради престиж на тие универзитети, чисто да видат како е,имаме доста и што се враќаат назад”-вели Александар Карадимче,универизитетски професор
“Еве пример јас магистрирав во странство во Италија и се вратив тука и сега работам на факултетот” -вели Дамјан Пециоски,асистент
Никогаш не бо заминал од Македонија бидејќи овде може да се напредува,нашиот образовен систем овозможувапроширување на видиците на секој кој што сака да твори и создава за ова парче земја, велат нашите соговорници.
