Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Државата отвора речиси 1400 можности за нови вработување. Надлежните ќе платат дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата отвора речиси 1400 можности за нови вработување. Надлежните ќе платат дел од трошокот, а компаниите ќе вработуваат нови луѓе. Преку јавниот повик од Оперативниот план за вработување на фирми, тежок 5,4 милиони евра, се очекува работа да најдат младите и ранливите категории. Повикот е отворен до 24 јули, а грантот достигнува и до 250 илјади денари за секој нов вработен.

„Работодавачот, кој вработува невработено лице до 29 години, е должен да го вработи на неопределено време, со полно работно време, и да го задржи во работен однос најмалку 15 месеци, лицата од ранливите категории треба да ги задржи најмалку 12 месеци, а лицата што ги вработиле, а имаат над 29 години, треба да ги задржат најмалку 9 месеци во текот на годината. Услов за поддршката е лицата да имаат средно или високо образование и да бидат активни баратели на работа, барем еден ден да бидат пријавени во Агенцијата за вработување. Платата ќе зависи од компаниите, но нема да биде под минималната. Ние, како што веќе кажав, за секое вработено лице даваме субвенции во однос на возраста и категоријата. Лицата кои треба да бидат задржани ќе се мониторираат – дали ги исполнуваат условите во однос на месеците кои треба да ги задржат “- објасни заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Од стопанските комори го поттикнуваат бизнис секторот да се пријавува на јавниот повик. Од таму велат дека оперативниот план ќе им помогне на компаниите полесно да обезбедат кадар и да ги пополнат слободните работни места, а воедно ќе се намали и стапката на невработеност во државата.

Реклама

„Стопанската комора ја следи потребата и секогаш активно придонесува во обезбедување на кадар и и ницира за мерки во оперативен план. Ние им даваме поддршка да аплицираат бизнисите и да станат дел од носителите на оваа мерка, да има и одржливост и да ги исполнат критериумите.“- вели проектниот менаџер на Стопанската комора, Наташа Јаневска.

„Има речиси 100.000 невработени, но не можеме да најдеме кадар што ни е потребен. Лесно можеме да ја намалиме бројката на невработени за половина, можеме да апсорбираме околу 50.000, но нема тоа што ние бараме“ – нагласи претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Нухи Алиу.

Од ССК ја поздравуваат оваа мерка. Од таму сметаат дека мерката дури може да опфати повеќе невработени, а секако тие да останат на своите работни места.

„Според нас можеби треба и да се оди подлабоко да се зголеми бројот на вработени во компаниите што ќе влезат, многу е важно да вработат повеќе луѓе, мислам дека ќе има многу интерес, градацијата е во ред.“- вели Горан Ѓорѓиевски од Сојузот на стопански комори.

Во првите два дена од повикот имало дури речиси 630 пријави од компании за вработување на повеќе од 790 лица.