Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

50 отсто од децата во скопските градинки се невакцинирани за дитепер, во внатрешноста се вакцинирани над 95 отсто

Запрепастувачки се бројките на невакцинирани деца во Скопје. Дури 50% од нив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Запрепастувачки се бројките на невакцинирани деца во Скопје. Дури 50% од нив немаат примено вакцина за ДиТеПер.Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат предупредуваат дека ситуацијата е алармантна во главниот град, додека во внатрешноста, имунизацијата со оваа вакцина е над 95 проценти. Директорката на инспекторатот вели дека неодговорноста на родителите нема да се прости.Таа е децидна – нема да има исклучоци од правилото секое дете кое ги нема примено сите дози вакцина против голема кашлица, да не се прима во градинка.

“Издадовме решенија во сите градинки во Скопје за забрана за прием на невакцинирани деца со Ди Те Пер вакцината или пак за нецелосно вакцинирани деца со оваа вакцина. Согласно првичните информации од терен, речиси 50 проценти од децата кои посетуваат градинки во Скопје се невакцинирани со Ди Те Пер вакцината или нецелосно вакцинирани што е поразителен факт за ова општество.Oд првичните информации во другите градови имаме покриеност со имунизација со ди-те-пер од скоро 95%. Родителите се одговорни и го почитуваат редовниот календар за имунизација, очигледно проблемот е во Скопје” – рече директорката на ДЗСИ Рената Младеновска.

Младеновска ја дематираше информацијата дека по вакцинирањето со дитепер децата треба да седат дома 21 ден.

Реклама

„Апсолутно е неточно дека треба да седи дома 21 ден по вакцината. Немаме издадено таква мерка ниту ние, ниту министерот за здравство, ниту Комисијата за заразни болести” – вели Младеновска.

Што се однесува до приватните градинки, од инспекторатот велат дека и тие ќе се контролираат еднакво како и државните.

Во вакциналните пунктови ситуацијата е драматична. На дел од родителите им е загрозена егзистенцијата зашто нередовно ги вакцинирале децата и сега се потребни месеци за да се надополнат дозите.

Родителите во најголем дел ги одобруваат ваквите мерки и велат дека и самите во континуитет инсистираат на почитување на истите. Сепак за некои ваквите мерки се задоцнети, доколку имаме предвид дека Центарот за јавно здравје -Скопје по препорака на Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на голема кашлица уште пред месец дена, но се чекаше Министерството за здравство да му наложи писмено на ДСЗИ за ваквите вонредни инспекциски надзори.