Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Балкан

48 полицајци повредени по вчерашните протести во Белград – Вучиќ: седум месеци трае теророт врз Србија

Четириесет и осум повредени полицајци и десетина млади студенти, триесетина приведени –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и осум повредени полицајци и десетина млади студенти, триесетина приведени – епилогот од синоќешните масовни демонстрации во Белград, кои завршија со судир со полицијата. Тензиите ескалирале откако група демонстранти, по крајот на официјалниот дел од собирите, ја нападнала полицијата која интервенирала. Целиот судир траел неколку минути, по што состојбата се смирила. Така е и денеска во Белград, каде низ градот има засилено полициско присуство.

Студентите во блокада вчера објавија дека полицијата употребила прекумерна сила врз дел од демонстрантите и порачаа дека за радикализацијата на протестите и насилството одговорна е власта. Директорот на српската полиција изјави дека службите биле приморани да дејствуваат, нагласувајќи дека била употребена минимална сила. Тој ги демантираше информациите за употребени солзавец и други хемиски средства.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утринава на прес-конференција изјави дека „насилството не може да ја победи Србија“ и дека државата „не застанала, ниту ќе застане“. Тој вели дека нема да потпише никакви помилувања за приведените демонстранти.
„Како што најавив дека ќе се случи, Србија победи. Не можете да ја победите Србија со насилство“, изјави Вучиќ.

Реклама

Тој вели дека веќе седум месеци траат „терористички дела“ и дека синоќешната објава на студентите била „директен повик на граѓански судири и на напади на полицијата“.
„Нема да потпишам помилувања, ниту каква било аболиција од кривично гонење, откако 500 пати ги предупредивме да не вршат насилство. Ќе правам разлика меѓу факултетите кои рекоа дека нема да учествуваат во насилство и оние кои свесно сакаа да предизвикаат крвопролевање“, кажа Вучиќ.