Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена

По повод 35 години од независноста на Македонија, планинарките Благица Владимировска и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 35 години од независноста на Македонија, планинарките Благица Владимировска и Ема Лазареска реализираа исклучителен подвиг – за само четири дена искачија 35 врвови на Шар Планина.

„Македонија има херојки чии подвизи заслужуваат да бидат видени, слушнати и запомнети. Двете високогорки од планинарското друштво „I Love Hiking (Сакам пешачење)“ минаа 110 километри, совладаа вкупна висинска разлика од 8.400 метри и искачија 35 врвови без логистичка поддршка, носејќи по 20 килограми товар на грбот. Целиот предизвик го реализираа без каква било логистичка поддршка. Сета потребна опрема, храна и останати неопходни работи ги носеа самите, со ранци тешки по околу 20 килограми. Зад бројките стојат четири дена постојано движење, замор, промени на теренот и временските услови, но и силна меѓусебна доверба, дисциплина и љубов кон планината. Темпото беше особено интензивно уште од самиот почеток – во првите два дена Благица и Ема искачија по 11 врвови дневно“ – се вели во соопштението.

Нивната авантура почна на Љуботен, а заврши на Рудока.

Реклама

– Сите болки и тешкотии ги забораваш кога пред себе ќе ги видиш убавините на нашата Шара, изгрејсонцата и зајдисонцата и сета убавина на нашата Македонија. Овој подвиг уште еднаш ни покажа дека секоја цел е остварлива кога имаш јасна визија, одлучност, упорност, дисциплина и љубов кон она што го правиш, вели Благица.

За Ема Лазареска, овој подвиг е потсетување дека големите цели се остваруваат чекор по чекор.

– Имаше замор и тешки делници, но секој следен врв ни даваше нова сила. Кога имаш јасна цел и човек покрај себе на кого му веруваш, можеш да стигнеш многу подалеку отколку што си замислувал, додаде Ема.

Девојките се членки на планинарското друштво „I Love Hiking“ и со години градат искуство, физичка подготвеност и почит кон планината. Нивниот последен подвиг е силна порака за истрајноста, женската храброст и значењето на заедништвото.

Инаку, 35-те освоени врвови симболично ги поврзаа 35-те години македонска независност со слободата што се чувствува на планинските височини, истакнуваат тие. Без голема придружба и без олеснувања, двете високогорки покажаа дека најсилните приказни понекогаш ги создаваат само двајца луѓе, една заедничка цел и решеноста да продолжат и кога патеката станува најтешка.

Подвигот на Благица Владимировска и Ема Лазареска заслужува да допре до јавноста не само поради импресивните бројки, туку и поради она што тие го претставуваат – храброст да се постави голема цел, дисциплината таа да се следи и силата да се стигне до крајот. Затоа што границите не се поместуваат одеднаш. Се поместуваат чекор по чекор, врв по врв.