Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

250 евра ќе биде казната за родителот чие дете е насилно во училиште

250 евра казна за родителите чии деца се однесуваат насилно во училиште.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

250 евра казна за родителите чии деца се однесуваат насилно во училиште. Со новите законски измени се предвидуваат парични казни за родителите на децата кои во училиште прават булнг и малтретираат соученици.  Ќе има казни за оние родители кои одбиваат да соработуваат со училиштата и институциите. Според најавите од Министерството за образование и наука, новите измени во законот за основно образование, веќе се во завршна фаза и наскоро ќе бидат доставени до Собранието.

Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент се во собрание, за да ги дооформат тие предлози и веќе тоа е донесена одлука и тие измени ќе се направат и останува казната од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно повторувам, и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции.“- вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Бројните инциденти на меѓуврсничко насилство го вклучија алармот кај инстутуциите. Напаѓачите и родителите ќе си одговараат според законот, а со новите измени дополнително родителите ќе си плаќаат и казни. Последниот случај на меѓуврсничко насилство се случи во Ченто каде средношколец влезе во основно училиште и прободе 15 годишен ученик. Детето доби повреди опасни по живот, оштетен му беше црниот дроб и вена во стомакот. Минатиот месец пак во Ѓорче Петров три девојчиња тепаа шестоодделенка, ја тераа да јаде измет од куче, ја гореа со цигари, навредуваа и снимаа со мобилен телефон. Надлежните постојано апелираат до родителите да посветат повеќе внимание на децата, нагласувајќи дека државните институции не можат сами да го решат проблемот. Покрај казните, надлежните најавија и лиценцирани училишни психолози, кои треба да формираат стручни тимови за препознавање и превенирање на насилство. Дополнително апелираат до наставниците да се постојано помеѓу учениците и заедно со стручните тимови да работат со децата, но и со родителите.