Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

20 години од формирањето на Универзитетот „Еуропа Прима“

Интернационален Универзитет „Еуропа Прима“ ја започна кампањата по повод 20-годишниот јубилеј од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интернационален Универзитет „Еуропа Прима“ ја започна кампањата по повод 20-годишниот јубилеј од своето формирање. На свечениот настан во Кинотека на Македонија, францускиот професор и историчар Фабрис Д’Алмеида беше прогласен за почесен член на Академијата и на Меѓународната академија за наука и уметност од Белград. Претседателот на Универзитетот, Плевнеш, ги повика младите да се приклучат на студиите на Универзитетот, кој, како што посочи, веќе станува дел од едно европско и светско академско семејство.

„Посебно сум среќен што 20-годишнината на Универзитетот ја започнуваме денес и што таа ќе трае цела година, заедно со Фабрис – еден од најголемите француски интелектуалци, со кого со години имаме размена на студенти и професори. Присутни сме на повеќе меридијани и имаме договори со 17 универзитети во светот. Веруваме дека образованието е на врвот на светската цивилизација и дека младите треба да се приклучат кон овие ретки студии што Универзитетот ги организира“, изјави Јордан Плевнеш, претседател на „Еуропа Прима“.

Професорот Фабрис Д’Алмеида се заблагодари за признанието и порача дека универзитетите денес имаат клучна улога во зачувувањето на критичката мисла и дијалогот меѓу општествата. Посочи дека неговиот универзитет, специјализиран за безбедност и социјални мрежи, ја пофали Македонија дека одлучно се бори против дезинформациите.

Реклама

„Многу ми е важно што сум денес тука, бидејќи ова е значаен момент во мојата кариера – да бидам примен како член на Балканика академијата. Особено сум среќен што сум во Скопје и на Универзитетот Европа Прима, со кој имаме долгогодишна соработка. Со ректорот Плевнеш веќе 20 години работиме на заеднички студиски програми и договори. Тоа е особено важно затоа што Универзитетот е специјализиран за социјални мрежи, сајбер-криминал и сајбер-истраги, додека мојот универзитет работи во областа на безбедноста и современите безбедносни предизвици. Заеднички работиме и на темата дезинформации. Вчера имавме значајна конференција во Европскиот центар за дезинформации и гледам дека македонското општество напредува во борбата против овој предизвик“, изјави Фабрис Д’Алмеида – „Универзитетот Париз II Пантеон“.

Ректорот на Универзитетот, Александар Трајковски, посочи дека ваквите настани се можност младите да се поврзат со европската академска сцена и со светски признати професори и интелектуалци.

„Професорот Далмеида е еден од претставниците на плејадата уметници и интелектуалци што се дел од нашата академска заедница. Тоа е и пораката што сакаме да ја испратиме – дека со посветеност, напорна работа и истрајност, сите што вложуваат во себе, во културата и уметноста, можат да се издигнат до највисоките академски врвови“, изјави Александар Трајковски – ректор на Универзитетот „Еуропа Прима“.

На настанот присуствуваа професори, академици, студенти и гости од земјата и странство, а со него официјално беше означен почетокот на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Интернационален Универзитет „Еуропа Прима“.