Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Велјановски: Рејтингот на СДСM кој вртоглаво паѓа е резултат на нивните погрешни политики спротивни на националните интереси

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски истакна дека во изминатите скоро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски истакна дека во изминатите скоро две години, актуелниот пратенички состав покажал конзистентност во работењето, истовремено упатувајќи остри критики кон политиките на претходната власт предводена од СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Сметам дека се работи во последните две години, односно поминуваат и се навршуваат 2 години од мандатот на новиот пратенички состав, покажавме конзистентност во работењето, влеговме свесни дека работите во државата не одат во добра насока, сметаме дека политиките коишто одат на штета на граѓаните како што беа во минатиот мандат политиките на СДСМ, преку на некој начин продажба на националните интереси, а се со цел останување на власт не вреднуваат со плод“, истакна Велјановски.

Тој додаде дека обврските преземени од тогашната власт биле направени без поширок политички консензус, што, според него, предизвикало штета и за државата и за политичките партии во опозиција.

Реклама

„Единствена тема на владите на СДСМ предводени од Зоран Заев и Димитар Ковачевски беа токму промените кои што беа барани од нас како држава, а во однос на прашањата кои што задираат во нашиот идентитет и во нашиот континуитет како народ како што се јазикот и историјата, и сметам дека преголемиот фокус токму на тие обврски кои што си ги презеде тогашната власт без притоа да има консензус со другите политички партии направи огромна штета не само на политичките партии кои што сега се во опозиција, а тоа се СДСМ и ДУИ, туку направи голема штета и на државата“, вели Велјановски.

Осврнувајќи се на прашањето за заштита на националните интереси, Велјановски упати критики кон претседателот на СДСМ, дека со своите ставови ја ослабува позицијата на државата во однос на меѓународните преговори. Според пратеникот, изјавите поврзани со внесувањето на Бугарите во Уставот оставаат впечаток дека постои подготвеност за прифаќање уставни измени „по било која цена“ и додаде дека падот на довербата кај граѓаните кон СДСМ е резултат токму на ваквите политики, при што, според него, анкетите покажуваат сериозен пад на поддршката за опозициската партија.

„Кога се работи за заштита на националните интереси, имаме претседател на опозициска партија кој во секоја можна прилика ја кодоши Македонија ги руши позициите на Македонија во некое идно завземање или сегашно завземање на позиција која што ќе може да се настапи пред меѓународниот фактор. Ако претседателот на опозицијата секојденевно повторува дека вметнувањето на Бугарите во Уставот не е ништо страшно и дека тоа е заедно со другите малцинства и дека тоа е обврска која ние еднострано мора да ја спроведеме, сметам дека тоа ги руши позициите на Владата и на политичарите да направи прогрес, затоа што од другата страна кога не слушаат велат, да тука има еден дел кој е спремен да прифати измени по била која цена, во случајот да се вметнат Бугарите во Уставот. Од друга страна, од она што може да се следи на анкетите дека рејтингот на СДСМ вртоглаво паѓа веќе се на 4% доверба, што ги прави веќе во рангот на многу мали политички партии коишто ќе имаат влијание на идните избори и навистина остава простор на други политички партии да го завземат нивниот дел“, рече Велјановски.