Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Од денеска ќе се вози по експресниот пат Градско-Дреново

Делницата Градско-Дреново во должина од 15,5 километри и еден километар плус од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делницата Градско-Дреново во должина од 15,5 километри и еден километар плус од делницата Фариш-Дреново, а кои се дел од Експресниот пат Градско-Прилеп, од денеска и официјално се пуштени за сообраќај. Преостанатите 20 проценти од оваа делница, а на кои до септември лани речиси една година ништо не се работело, сега завршени се за рекордно време од само неколку месеци и овој модерен пат е веќе функционален за граѓаните, истакна директорот на ЈП за Државни патишта.

„Не знам зошто, за тие 20 посто во изминатиот период тоа не било завршено. Ние за два месеци, успеавме да го решиме проблемот и да ја откочиме реализацијата на овој навистина значаен пат, со тоа што имаше проблем со една огромна косина и исто така, неасфалтиран дел од тие 20%. Успеавме за изминатиот период од неколку месеци, значи од септември месец, тогаш се реши проблемот, и за неколку месеци сето тоа да го реализираме“, – рече Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Овој современ пат ќе значи многу за поврзувањето на Прилеп и Битола, но и на сите останати околни општини од Пелагонискиот регион со главниот град. Но исто така, ќе значи и поврзување и со соседна Грција, и со Коридорот 10Д, а тоа значи целосно или автопатско, или експресно поврзување и со граничениот премин Меџитлија, посочи министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Алаксандар Николоски, истовремено, најавувајќи брза реализација и на останатите етапи од изградбата на овој пат, но и од автопатот Прилеп –Битола.

Реклама

„Првата голема главоболка со која што се соочив и со која што се соочи Владата е овој извештај за тоа во каква состојба беше изградбата на овој Експресен пат. Работници немаше, активности немаше, не беа решени косините, гледате како сега прекрасно изгледаат од двете страни на патот, и фалеа некаде околу 13 милиони евра за да се исплати и да се доврши реализацијата на овој Експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража“, – изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Премиерот Христијан Мицкоски пак, најпрвин изразувајќи огромна благодарност до работниците кои го реализираа овој пат, уште еднаш потсети дека оваа градба, овој пат, е градба која е исклучиво на македонските граѓани, а не на политичарите.

„Еве, да им се заблагодарам и на опозициските партии кои што додека беа на власт, во рок од седум години, не успеаа да ја завршат, па мораше оваа Влада, предводена од Коалицијата „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, ја завршија и нека ни е аирлија и со среќа да си ја користат граѓаните“, – порача Христијан Мицкоски, премиер.

Инаку, делницата која денеска се пушти во употреба содржи три клучки – Градско, Росоман, Дреново, четири вијадукти, еден мост, четири надпатници и три подпатници. Вкупната вредност на проектот е 37 милиони и 300 илјади евра, од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА-фондовите, а 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.

Каролина Дурло