Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Скопјани секојдневно се гушат. Главниот град никако да излезе од црвената, алармантна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани секојдневно се гушат. Главниот град никако да излезе од црвената, алармантна зона. Високо котира на листата за најзагадени градови во светот. Загадувањето во Скопје многу често во зима е неколку пати над дозволеното.

Според статистиките, годишно околу 4000 до 5000 луѓе ги губат животите како последица од лошиот воздух, што е околу 18% од вкупната смртност во државава. Додека едно од девет починати деца го губи животот поради аерозагадувањето што не прави рекордери на уште една црна листа во Европа, по смрттност.

Граѓаните ги чуствуваат последиците по здравјето. Особено повозрасните и хронично болните…. Свесни за ситуацијата, поголемиот дел не излегуваат од домовите доколку немаат неодложни потреби.

Реклама

“Лошо е, не излегуваме надвор пред 12:00 часот. Боли грлото, носот, главата, многу е загадено”

“Лошо е и многу смета”

“Лошо е за нас стари посебно, многу е загадено, не се дише” велат граѓаните.

Еко активистите организираа протестен марш и до Владата и Град Скопје доставија план со пакет мерки. Од Владата добиле одговор дека ќе има брза реакција и очекуваат подобрување на состојбата.

“Програмата што ја даде сега влада која е релативно нова е добра, недостига само да ја специфицираат, да кажат кои институции кога ќе започнат со потребните мерки. Но не радува што покажуваат интерес да се реши проблемот” вели еко активистот Татјана Стојановска од О2 организацијата.

Црвениот аларман не е вклучен само во Скопје. И жителите на Струмица, Кавадарци, Велес, Битола и Тетово, дишат отровен воздух.

Даниел Ѓорѓевски