Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

14 милиони евра европски пари добива Македонија за модернизација на граничните премини

Со 14 милиони евра европски пари, државата ќе отвора нови,а ќе ги модернизира постојните гранични премини. Целта е подобра регионална поврзаност, нов развоен импулс за пограничните региони,но и зајакнување на безбедноста како основен темел за зачувување на националните интереси и стабилноста на државата “Да покажеме дека можеме да постигнеме рамномерен раст и развој на економијата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 14 милиони евра европски пари, државата ќе отвора нови,а ќе ги модернизира постојните гранични премини. Целта е подобра регионална поврзаност, нов развоен импулс за пограничните региони,но и зајакнување на безбедноста како основен темел за зачувување на националните интереси и стабилноста на државата

“Да покажеме дека можеме да постигнеме рамномерен раст и развој на економијата и со тоа да го подобриме условите за живот на нашите граѓани во овој регион.Но истовремено ова е и јасен доказ за нашата висока посветеност во спроведувањето на политиките се со цел забрзана интеграција во ЕУ. Паралелно, со возобновување на преминот ќе го стимулираме економски развој на Преспанскиот регион и пошироко и ќе овозможиме услови младите повторно да се вратат во својот роден крај” –рече директорот на Царинска управа Бобан  Николоски 

Инаку по речиси 60 години, граничниот премин Маркова Нога повторно ќе ги поврзува Македонија и Грција,стратешки проект значаен не само за регионот,туку и пошироко.

Реклама

“Јас би рекол  стратешки проект и за Балканот и за Европа  затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа. Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамките на капацитетите што ги имаме затоа што ова е стратешки проект кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти за Преспа, за нашите две пријателски држави “-рече министерот за за внатрешни работи,Панче Тошковски

Од македонска страна градежните работи напредуваат побрзо од предвиденото. Македонскиот дел од границата се очекува да биде готов за помалку од 4 месеци.

“  Досега се реализирани 60 проценти од градежните активности, а проектот се очекува целосно да биде завршен во септември оваа година.“-рече претставник на УНДП  Армен Григорјан

Додека македонскиот дел е пред завршување, активностите од грчка страна допрва треба да се интензивираат. Договорот со изведувачот беше потпишан во април годинава.

“Ова ќе придонесе кон меѓусебна соработка на двете страни, кон економска размена, кон развивање на регионот, но исто така ќе сакам да посочам дека активностите од другата страна ќе бидат завршени, се планира да се завршат до февруари 2028 година” –рече евроамбасадорот Михалис Рокас

Граничниот премин „Маркова нога“ – „Лемос“ ќе има сообраќајница долга околу 350 метри со четири коловозни ленти, придружни објекти и современи стандарди за меѓународен граничен премин.