Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

📹 Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег, матка и јајник-овој пат поради адвокатот на екс директорот на струшката болница Мухамед Асани кој е на седумдневно боледување. Судењето сега се одлага за септември, затоа што од 15-ти јули судиите одат на одмор,со ова маратонскиот судски процес кој се влече цели 3 години не само што е далеку од пресуда, туку може и да застари.Ова е кукавичка тактика на одбраната,целта е да добијат на време, реагира адвокатот на Веапоска кој најави дека ќе реагира до соодветните институции.

 “Апсолутно ќе одам до крај, ќе ги испитам сите моменти за издавањето на оваа документација бидејќи апсолутно е симптоматично два дена пред судењето да се разболите на начин што не сте способни да се судите, има можности во правото да се даде замена.Колегите верувам од адвокатските канцеларии имаат свои вработени.Меѓутоа мислам дека и јавниот обвинител треба сериозно да превземе дејствија дали навистина одбраната ги пречекорила своите овластувања, дали одбраната ги злоупотребила правата и дали лекарите дале вистинска медицинска документација” – вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Од април 2024-та до сега е одржано само едно рочиште,бидејќи безмалку една година се чекаше супервештачење од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет.

Реклама

“Факт е дека поминало многу време,се менуваа судии,се смена обвинител почнуваше цело време од нови и затоа сметам дека до некого ова треба да допре” –вели судијата Јордан Јованов

Ова се само дел од причините за одлагања на рочиштата.Последното рочиште во јуни се одложипоради отсуство на еден од од обинетите лекари Блертон Асани кој меѓудругото по трет пат го менува адвокатот. Но тоа не е единствената причина, одбраната на екс директорот Мухамед Асани поднела кривична пријава против вештите лица кои што го изготвувале супервешатачењето кое е едно од клучните докази во постапката.Неизвесно е кога ќе продолжи судењето во септември. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година. Од мене направија инвалид-неутешна е Веапоска која на свои 32 години никогаш повеќе не ќе може да стане мајка.