Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

🎥 Пешевска: Мерки за зголемување на наталитетот – 6 ин витро оплодувања на трошок на ФЗО

Стојам денес пред вас со срце исполнето со гордост и неизмерна благодарност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стојам денес пред вас со срце исполнето со гордост и неизмерна благодарност, рече на денешната прес-конференција претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

Ви се обраќам како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како жена, мајка и силен поддржувач на една од најемотивните и најхуманите мерки што ги донесе оваа Влада – 6 бесплатни ин витро оплодувања на трошок на Фондот за здравствено осигурување. Да се биде родител е сон, надеж, понекогаш и тивка болка која бара слушнат глас и подадена рака. Ова мерка е победа на животот и на семејствата кои сонуваат за бебешки плач во својот дом. Дуплирана можност, преполовен товар – мерка која симболизира солидарност, гласна поддршка и грижа. После години поминати рамо до рамо со граѓанскиот сектор, со дел од приватните клиники за ин витро оплодување, со активистите, со секој родител кој со солзи сведочеше. Многу работни средби, јавни расправи, искрени разговори вродија со плод. Оваа Влада покажа слух. Покажа дека кога граѓаните зборуваат, институциите слушаат. Кога постои волја за соработка, постои простор за промена. Верувам дека токму оваа мерка ќе биде поттик за раст на наталитетот, но уште поважно – ќе биде искра за надеж и остварување на еден благороден сон, а тоа е бебешки плач во секоја празна соба. Го поздравувам носењето на овој закон, на оваа победа како лична, но и како наша – заедничка. Упатувам јавна благодарност до сите што беа дел од ова патување, особено до здружението “До бебе по пат на инвитро” за сите доставени ресурси, статистики, истражувања и идеи за реализација на оваа мерка, истакна Пешевска.

Со вас. За вас. И за новите срца што допрва ќе чукаат, додава Пешевска