Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Мерко си обезбеди мирно лето: По петти пат одложено рочиштето за противзаконското поставување директори

Се одолговлекуват судските процеси за нелегално поставување на директори во струшките основни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се одолговлекуват судските процеси за нелегално поставување на директори во струшките основни училишта,наместо пресуда за спорнотот именување на директори во основното училиште во Велешта и во струшкото “Браќа Миладиновци” ,по петти пат рочишата се одложуваат. На овој начин градоначалникот кој се најде за црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси,си обезбеди долго топло лето без главоболки. Неговиот адвокар непосредно пред почетокот на денешното рочиште соопштил дека е на боледување.

„Значи најпрво беше примено барање за одлагање од сведокот,еднинствениот сведок кој ни преостана да го сослушаме со обазложение дека од здравствени причини морал да се јави на преглед.Ми кажав дека доколку прегледот е во определ час ќе го посместиме да биде порано, дури и стапив во контакт со директорот на болницата за да му овозможат приоритено да му овозможат да биде слободен за судењето и откако се среди тоа примив ново барање за одлагање, овојпат од бранителот на обвинетиот во кое известува дека отворил боледување седумдневно”- вели Јордан Јованов, судија.

Со оглед на тоа дека и сведокот и адвокатот се разболеле во ист ден во период од неколку часа, судењата се одлагаат за септември затоа што од 15-ти јули судиите одат на одмор. Судењата за нелегалното поставување на директори во училиштата се влече една година,со низа одлагања, непојавување на сведоци кои потоа се носеа со полициска асистенција ,а имаше и случај кога сведокот буквално избега од холот на судот неподрено пред почетокот на рочиштето.

Реклама

Инаку Рамиз Мерко се спаси од затворска казна за незаконското поставување на директори во основните училишта во Лабуништа, Радолишта и Подгорци,судот го осуди со парична казна од 10.000 евра. Со оглед на тоа дека до сега не бил осудуван,откако преходно беше ослободен од вина за набавката на луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра,ова беше негова прва казна.

„За ослободителната пресуда за набавката на службеното возило, ОЈО поднесе жална до Апелациониот суд во Битола.Што се изготви и пресудата за училишатата веднаш по приемот надлежниот јавен обинител ќе ја обжали“, велат од ОЈО.

Против Мерко до овој момент се водат вкупно 7 судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна. Се товари за незаконско поставување на спомен плоча на општинската зграда, случај кој исто така е заплеткан во судските лавиринти. Тој е и еден од обвинетите за бесправно градење на објект во еден струшки хотел. Судењата за училиштата продолжуваат на 16-ти септемврти.