Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Бизнис

🎥 Македонската царина руши рекорди – за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари

Рекордна приходи од Царинската управа.  Во јули биленаплатени над 200 милиони евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рекордна приходи од Царинската управа.  Во јули биленаплатени над 200 милиони евра што е за 5,4% односно над 10 милиони евра повеќе во однос на истиот месец лани, кој беше со историски најдобар резултат.

Ова се повеќе пари во буџетот, односно повеќе средства кои ќе се вложат во инвестиции за подобар живот на граѓаните, вели премиерот. Според Мицкоски ова е успех кој што не е забележан до сега, а Владата посветено работи на намалување на сивата економија и зголемена дисциплина во финансиските институции. Тој соопшти дека има позитива и во работењето во УЈП.

Зголемената наплата во Царината се должи на порастот на увозот на машини, делови од електрични машини и опрема, како и на моторни возила. Но исто така и унапреденото управување со процедурите, зголемена контрола и координација со другите институции.

Реклама

Директорот вели дека станува збор и за посветена работа, а продолжуваат со силната борба со корупцијата. Ситуацијата која ја затекнала новото раководство била катастрофална по однос на ова прашање. Во изминатата година околу 26 царински службеници добиле отказ.

Надлежните тврдат дека успеале да воспостават нов систем на вредности во Царинската управа кој не бара изговори, туку решенија и резултати. Корупцијата повеќе нема да се толерира.