Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ќе се реновираат киното „Милениум“, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и Планетариумот во МКЦ

Култното кино „Милениум“ ќе се реконструира, ќе се обнови библиотеката „Браќа Миладиновци“, како и Планетариумот во МКЦ, како дел од подготовките во пресрет на 2028 година, кога Скопје ќе ја носи титулата „Европска престолнина на културата“. Финансирањето на овие проекти, кои се од особено значење за градот, ќе биде обезбедено со ребалансот на градскиот буџет. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Култното кино „Милениум“ ќе се реконструира, ќе се обнови библиотеката „Браќа Миладиновци“, како и Планетариумот во МКЦ, како дел од подготовките во пресрет на 2028 година, кога Скопје ќе ја носи титулата „Европска престолнина на културата“.

Финансирањето на овие проекти, кои се од особено значење за градот, ќе биде обезбедено со ребалансот на градскиот буџет.

Во него се предвидуваат финансиски средства и за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, спортот, образованието и заштитата на животната средина. Посебен акцент се става на реализацијата на проектите од областа на културата.

Реклама

Советниците на Град Скопје ќе расправаат и за Предлог-планот за изменување и дополнување на Планот на програмите за развој за периодот 2026-2028 година, според кој се одобруваат средства за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Со изградбата на новиот објект се очекува зголемување на брзината на реакција на пожарникарите при технички интервенции, спасување човечки животи и ефикасна заштита од пожари во урбана средина и на отворен простор.