Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Ќе се гради нов модерен Клинички центар во Скопје, подземно поврзан со болницата „8 Септември“

Со подземни тунели под Илинденска, да се поврзе новиот Клинички центар со болницата „8 Септември“ и ПЕТ ценатарот. Идејата на Владата е новиот објект на државаната клинка, да се изгради кај платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“. На овој начин ќе се добие поефикасно функционирање на здравствениот систем, побрзи дијагностики, операции, со еден збор, поквалитетна […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со подземни тунели под Илинденска, да се поврзе новиот Клинички центар со болницата „8 Септември“ и ПЕТ ценатарот. Идејата на Владата е новиот објект на државаната клинка, да се изгради кај платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“. На овој начин ќе се добие поефикасно функционирање на здравствениот систем, побрзи дијагностики, операции, со еден збор, поквалитетна здравствена услуга за сите граѓани во Македонија, на едно место.

„Во меѓувреме размислуваме и за голем клинички центар, кој во Скопје би требало да се изгради. Разгледуваме една локација. Тоа е локацијата пред базенот „Борис Трајковски“ бидејќи таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата, што значи не само за главниот град и Македонија како држава туку може од соседните држави да привлекуваме пациенти, кои ќе ги користат услугите на овој, би рекол, како што е нашиот план, ултрамодерен клинички центар“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија

Земјиштето каде што треба да никне новиот Клинички центар, моментално е во приватна сопственост, но од Владата уверуваат дека веќе се водат разговори со сопственикот за негово превземање. Ако се оди по планот, новиот клинички центар треба да почне да се гради на почетокот на 2027 година. Граѓаните кои веќе навикнаа да чекаат со децении нов Клинички , велат дека крајно време е да се стави ред во функционирањето за здравствениот систем и поголема пристапност до здравствените услуги.

Реклама

И за медицинските работници од внатрешноста на Македонија, изградбата на нов Клинички центар е повеќе од потребна. Велат дека старите клиники се стари и нефункционални. Според нив, новиот центар треба да овозможи побрза дијагностика, полесен транспорт на пациентите и поефикасна организација на работата.

„Во светот постојат одлични такви центри во поголемите светски градови. И ние треба да се стремиме да бидеме подобри, на едно место пациетнтот да добива брза ефикасна дијагноза. Третман, затоа што сега имаме неправилен и недобар распоред со здравствениот кадар. На едно место имаме хирурзи, немате анестезолог, на друго место имате еден ортопед или во однос на другите гинеколошки гранки“, изјави Лилија Чолакова Дервишова специјалист по семејна медицина.

Мицкоски најави дека продолжува и реализација на изградбата на Клиничката болница во Штип, заедно со медицински факултет и студентски дом, како и Клиничката болница во Тетово и Здравствен дом со проширена дејност во Кичево.

Изминатите 9 години, се сменија шест министри за здравство, имаше шест локации во игра и 6 фирми изведувачи, но наместо нов Клинички центар, претходната Влада ја остави Македонија со обврска за да плаќа пенали за она што требаше само да го спроведе.