Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Љутков: Преминување преку црвените линии нема да има

Премиерот вчера даде совршен одговор и конкретен. Ставовите што ги имаме како Влада сме ги кажале многу пати. Преминување преку црвените линии нема да има, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во врска со изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас, дека нон-пејперот не ги исклучува уставните измени за почеток на преговорите. Одговорајќи на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот вчера даде совршен одговор и конкретен. Ставовите што ги имаме како Влада сме ги кажале многу пати. Преминување преку црвените линии нема да има, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во врска со изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас, дека нон-пејперот не ги исклучува уставните измени за почеток на преговорите.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Меморандум за соработка со Амбасадата на Франција, Љутков напомена и дека со Мицкоски воопшто не разговарал околу најавената реконструкцијата во однос на ресорот култура.

Во однос на обвинувањата на СДСМ дека Владата не се грижи доволно за културното наследство и за идентитетот на македонскиот јазик, министерот е дециден дека на оваа политичка партија не треба да и се обрнува внимание кога станува збор за културата и јазикот.

Реклама

– Мислам дека не треба повеќе да ја слушаме таа политичка партија кога станува збор за културата и дека не треба да обрнуваме внимание со оглед на деструктивната политика што се водеше во последните седум години за тотална девастација на културното наследство, 70 отсто намалување на буџетите и во делот на националните установи и во делот на културното наследство. Мислам дека не треба да се коментира. Во однос на јазикот, може да си види грижата на институциите со одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Тука беа вклучени министерствата за култура, образование и надворешни работи и сите институции што имаат програми во делот на македонскиот јазик. Имаше огромен буџет за одбележување на тој значаен јубилеј. Кога ќе слушнете од другата страна дека немало воопшто средства, треба да се прашате како сите институции ги обединивме во еден одличен јубилеј со сите нивни програми и буџети, истакна Љутков.

Според него, претходната политичка опција пет години не успеа да го донесе законот за македонски јазик.

– На крај, моравме ние да се вклучиме како политика партија, да им го изработиме законот и да го донесеме. Но, таму има преодна одредба, не процениле дека треба да постои таква одредба за да може да се имплементираат сите работи – да се формира инспекторат за македонски јазик, таа инстиуција да влезе во рамки на Министерството за култура, да се распише конкурс за директор, да се направи нова систематизација, да се вработат лектори, тие потоа да полагаат и да станат инспектори. Тоа е подолг процес. Ако се грижеле толку за македонскиот јазик, ќе ставеле преодна одредба, а не да важи од денот на донесувањето. Ние ова што го направивме е во рамки на времето што го имавме во овој период, од истиот момент кога станавме Влада, посочи министерот.