Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Љутков: Потребен ни е храбар, стратешки и долгорочен пристап за развој на туризмот

Со Националната стратегија за развој на туризмот 2027 – 2032 поставуваме цврсти темели на еден современ, одржлив и амбициозен пристап, кој треба да ја трансформира нашата земја во препознатлива, квалитетна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и пошироко – рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќање на првата јавна расправа за Националната […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со Националната стратегија за развој на туризмот 2027 – 2032 поставуваме цврсти темели на еден современ, одржлив и амбициозен пристап, кој треба да ја трансформира нашата земја во препознатлива, квалитетна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и пошироко – рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќање на првата јавна расправа за Националната стратегија.

Љутков очекува оваа стратегија да даде јасни одговори и конкретни решенија за: рамномерен регионален развој на туризмот во целата земја; ефективен дестинациски менаџмент на локално и на национално ниво;  одржлив туризам, кој ги штити природните и културните ресурси; дигитализација на услугите и промоција на македонскиот туризам; развој на нови високовредносни производи во културниот, езерскиот, планинскиот, руралниот, винскиот и искуствениот туризам и подобрување на квалитетот на услугите и човечките ресурси во секторот.

Според министерот за култура и туризам, Националната стратегија 2027 – 2032 се изработува според најсовремени европски практики и методологии, со широко учество на домашни и на меѓународни експерти, на академската заедница и реалниот сектор.

Реклама

– Не сакаме овој документ да остане на полица, туку оперативна и функционална стратегија, која ќе биде вистинско средство за развој и ќе донесе видливи резултати – порача Љутков.

Тој укажа дека развојот на туризмот не е само економска категорија, туку е двигател на вкупниот развој на државата, создава нови работни места, поттикнува инвестиции, ја зајакнува локалната економија и го промовира меѓународниот имиџ на Македонија.

– Во време на брзи глобални промени, дигитализација, нови очекувања на туристите и засилена конкуренција, ние не смееме да останеме пасивни набљудувачи. Потребен ни е храбар, стратешки и долгорочен пристап. Македонија е земја со огромен, но сè уште недоволно искористен потенцијал. Нашите прекрасни планини и национални паркови, кристалните езера, богатото културно и археолошко наследство, традиционалната кујна, винските региони и автентичната гостопримливост на нашиот народ се вистинско богатство, кое може и мора да стане силна конкурентска предност на меѓународниот туристички пазар – рече министерот за култура.