Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Јавните комунални претпријатија бараат итна реформа поради долгови и недостаток на кадар

На јавните комунални претпријатија во земјава кои со години се дават во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На јавните комунални претпријатија во земјава кои со години се дават во долгови и нерентабилно работење, потребна им е итна реформа,кадар и нови модели на управување-алармираат од АДКОМ.  Директорите на јавните претпријатија не се сложуваат дека причината за лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, е децениското недомаќинско работење и превработеноста на јавната администрација.

 “Eдна од причините е тоа што самите Совети на општините не ги зголемуваат, не прават корекции на цените на услугите кои ги даваат самите претпријатија и со само тоа има некои јавни претпријатија кои со години немаат променето цена на услугата. Зголемување на трошоци за одржување на  механизација, застарена механизација,  застарени системи доведуваат да вие не можете да извршите доволно услуга на граѓаните” – вели Гоце Ангелоски, член на Управен одбор на АТКОМ

Паралелно со структурните предизвици,секторот се соочува и со сериозен  недостаток на човечки ресурси. Една од причините се ниските плати.

Реклама

“Недостасуваат стручни луѓе од типот на градежни и хидроинженери  недостасуваат стручни луѓе во делот на оние хортикултурни уредувања на зелените површини. Сите тие луѓе кои што имаат свои стручни квалификации и способности, најчесто својата егзистенција ја барат во приватниот сектор поради најверојатно многу поголемите примања кои што ги имаат таму  “-вели Горан Степаноски-директор на Ј.П. “ Комуналец “ Битола

“Анализата покажува дека само 2 % од вработените во комуналниот сектор се млади.Тоа значи дека голем процент преку 40 % во наредните години ќе се пензионираат.Тоа значи дека  можеме да останеме без кадар за одржување на системите што дополнително ќе го оптовари, не давањето на услугите,туку целокупниот економски развој на дражавата” -вели Јане  Вртески-институционален консултант

Поради ваквата ситуација во која се наоѓаат јавните претпријатија,се поактуелно станува прашањето за здружување на општините и претпријатијата ,како можен пристап за подобрување на ефикасноста и намалување на трошоците.