Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јавната локална библиотека „Илинден“ ги награди најдобрите матуранти од Делчево

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево и оваа година ја продолжи својата традиција на поддршка и поттикнување на младите успешни ученици, подарувајќи книги на десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски-Брицо“. Од библиотеката истакнаа дека книгата е најубавиот подарок за оние кои со знаење, труд и посветеност ги остваруваат своите цели, а овој гест претставува […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево и оваа година ја продолжи својата традиција на поддршка и поттикнување на младите успешни ученици, подарувајќи книги на десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски-Брицо“.

Од библиотеката истакнаа дека книгата е најубавиот подарок за оние кои со знаење, труд и посветеност ги остваруваат своите цели, а овој гест претставува признание за постигнатиот успех, истрајноста и љубовта кон знаењето што ја покажале матурантите во текот на своето образование.

– Им честитаме на учениците за постигнатите резултати и им посакуваме многу успех на патот што е пред нив. Нека книгите и понатаму бидат нивни верни сопатници во учењето, личниот развој и исполнувањето на нивните соништа, порачаа од библиотеката.

Реклама

Како што посочија, станува збор за генерација млади луѓе кои со континуирана работа, одговорност и желба за напредок успеале да остварат значајни успеси, потврдувајќи дека вложувањето во образованието е сигурен пат кон личен и професионален развој. 

-Со овој симболичен подарок библиотеката сака да ја нагласи важноста на читањето и книгата како трајни вредности кои придонесуваат за проширување на знаењата, развој на критичкото размислување и градење успешни и општествено одговорни личности, додадоа од ЈЛБ Илинден. 

Награди традиционално библиотеката ќе додели и на најдобрите полуматуранти од Делчево.