Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јанушев: Владата посветено работи за подобрување на економскиот стандард, што резултира со успехот Македонија да биде во петте најуспешни економии во Европа по раст на БДП

„Последните две години откако ВМРО-ДПМНЕ ја формираше оваа Влада, покажа дека може поинаку, дека знаеме како треба“, истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за една од националните телевизии, по повод одбележувањето на 36 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, настан кој вечерва се одржува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Последните две години откако ВМРО-ДПМНЕ ја формираше оваа Влада, покажа дека може поинаку, дека знаеме како треба“, истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за една од националните телевизии, по повод одбележувањето на 36 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, настан кој вечерва се одржува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, се наведува во соопшѓтението на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев нагласи дека Владата работи за подбрување на економскиот стандард, што резултира со успехот за неполни две години да бидеме во петте најуспешни економии во Европа, во првите пет по БДП.

„Македонија ја гледаме во ЕУ, ја гледаме како развиена, успешна држава. Она што веќе го правиме и го најавуваме, се градат мостови, се градат патишта, се градат училишта, градинки, здравствени домови, болници, се подобрува економскиот стандард. Во овој период, успеавме за неполни две години да бидеме во петте најуспешни економии во Европа, во првите пет по БДП, успеавме да реализираме рекорден број на странски инвестици, повеќе од 1,2 милијарди евра. Со ова темпо, со постојана работа, со постојано залагање, ја гледаме како модерна држава во која што секој би посакал да живее“, рече Јанушев.