Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Јаневска: Дуален концепт и во високото образование, првпат се воведуваат втор и трет циклус стручни студии

Ќе се воведува дуален концепт и во високото образование, најави денеска министерката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се воведува дуален концепт и во високото образование, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Со новиот закон, како што објасни, првпат се предвидени втор и трет циклус стручни студии, како и кратки студии за специјализација во одредени професии.

Со академското дуално образование, рече Јаневска, ќе бидат опфатени главно техничките струки.

Според министерката, овој принцип на школување се воведува и на факултетите не само зашто тоа го бараат некои од нив и бизнис-заедницата туку и затоа што дуалното образование, како модел, дало одличен резултат во средните стручни училишта.

Реклама

Првиот циклус стручни студии трае три години и носи 180 кредити.

– Поучени од одличните резултати што ги даваат дуалното образование и учењето преку работа, но и на барање на одредени факултети, се одлучивме на ова што постои во ЕУ, а кај нас го немало. Очекуваме одлични резултати – истакна Јаневска по настанот „Револуција во образованието: моќта на дуалното образование во Македонија“, што го организира Стопанската комора.

Досега, додаде, можност да учат во реална работна средина и теоретските знаења да ги дополнуваат со трајни вештини имаа само средношколците.

– Следниот чекор е продолжување на дуалниот концепт и во високото образование. Факт е дека дуалното стручно образование е наш успешен образовен модел што го градиме последниве неколку години и дава одлични резултати. Тие се мерат со сè поголемиот број ученици што го избираат, како и со постојаниот раст на компаниите што се вклучуваат, што е разбирливо, зашто е најдобар начин да добијат млад кадар што сами го обучиле – потенцира министерката нагласувајќи дека и во новиот конкурс за упис во средно образование за учебната 2026/2027 фокусот ќе биде на дуалното образование, а постојните и новите профили ќе бидат димензионирани во договор со локалните самоуправи и компаниите.

Таа очекува истиот успех да се постигне и во високото образование со стручните студии.

– Академската заедница е подготвена да воведе студиски програми кои ќе бидат продолжение на средното дуално образование, како и интердисциплинарни студии со странски универзитети, студентска размена и заеднички проекти. Со новиот Закон за високото образование ова и системски се уредува. Зад сè ова што го говорам стои одлучноста на Владата и мојата лична решеност да им помогнеме на младите да добијат квалитетно образование и да заврши времето кога ги гледавме само како потенцијал што не успевавме овде во земјата да го искористиме. Учење низ пракса, можности доколку сакаат по средното образование да работат, проодност кон високото образование за оние што сакаат да продолжат да се надградуваат, сето ова е градено според најдобрите европски практики и верувам дека младите ќе бидат успешни и задоволни овде, во својата држава, каде што нивната енергија, креативност и труд се потребни и вредни – порача Јаневска.

Пред неа се обрати и претседателот на Комората, Бранко Азески, напоменувајќи дека дуалниот концепт е симбиоза меѓу бизнисот, неговите потреби за кадар и образованието.