Реклама

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Македонија

Ѓоргова: Македонија и Франција ја продлабочуваат соработката во културата и туризмот

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера оствари конструктивна средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје.

На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување.

Во фокус на разговорот беа идните активности и иницијативи во областа на културата и туризмот, при што беше потврдено и претстојното потпишување Меморандум за соработка, чиј текст е веќе усогласен, меѓу Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Француската Република во Скопје.

Реклама

Меморандумот предвидува унапредување на билатералната соработка преку реализација на заеднички проекти, размена на уметници и експерти, соработка меѓу институции, поддршка во заштитата и промоцијата на културното наследство, како и промоција на туристичките потенцијали на двете држави.

Соговорниците изразија уверување дека оваа соработка ќе придонесе за уште посилно поврзување меѓу институциите, уметниците и културните работници, отворајќи нови можности за заеднички проекти, културна размена и афирмација на културните вред-ности на двете пријателски земји.