Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мисајловски: Со закон за воена индустрија ќе се овозможи македонски компании да работат во делови на воената индустрија за потребите на Армијата

Министерството за одбрана направи закон за воена индустрија, со кој планираме да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за одбрана направи закон за воена индустрија, со кој планираме да направиме посебни зони, кои ќе бидат во делот на нашите капацитети, каде што имаме корисничко право, и на тој начин да им овозможиме на компаниите да учествуваат и да обезбедиме средства за оние што сакаат да работат во рачни делови на воената индустрија – истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисјаловски на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата.

Одговарајќи на прашањето на пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ што конкретно е направено за домашните компании да ги искористат можностите од НАТО, тој појасни дека со новото законско решение, кое треба да биде ставено пред пратениците, предвидено е домашни компании да се субвенционираат за дополнително да се развиваат во одбранбената индустрија.

На млади компании што веќе излегле на пазарот, а не може да продаваат во странство, ние, вели Мисајловски, ќе направиме еден вид истражување (research and development) како да им дадеме дополнителни средства да се развиваат и да продаваат тука производи, пред сè, да ги користи Армијата, а потоа да добиваат потврда за користење, со што ќе може да излезат на кој било пазар, па и во НАТО, да го продаваат во земјите членки на НАТО.

Реклама

Министерот појасни дека имале средба со претставници на компании, како што рече, каде што млади луѓе почнале да прават дронови во Македонија. 

– Со ова законско решение ќе можеме директно да им помагаме на македонски компании. Ова е сегмент од сето тоа, но законското решение ќе стигне и до вас, се надевам дека ќе дадете и вие експертиза во тој дел, сите како пратеници. Со овој начин сакаме да видиме дали има можности за стратешки договори на македонските компании, односно ако во наредните 10 години планираме да издвоиме речиси една милијарда евра, да речеме, во делот на модернизацијата, како дел од македонските компании да произведуваат тука во Македонија – додаде Мисајловски.

Во делот на наменската индустрија, додаде, има секаков вид тендери во НАТО и од различна област. 

– 30-ина компании веќе се регистрирани и веќе доставуваат, но бидејќи барате целосен увид на сите оние компании што се направени, ќе ми дозволите сè да ви доставиме за да имате еден преглед, а секако јас ќе зборувам и со коморите. Има барања од некои компании за дополнителни олеснувања, но иако тоа не е предвидено во законот, во Министерството за одбрана ќе направиме постапка, каде што ќе може дополнително да помагаме – рече Мисајловски.

Најважно, е вели, како да се направат стратешки договори со македонски компании и да им дозволат да се развиваат, а паралелно Армијата да биде дел од целиот тој процес и тие производи да ги произведуваат за Армијата.

– Зошто да не ги користиме и тие луѓе да помагаат во Министерството за одбрана. Некои луѓе произведуваат и дел од опрема што сакаат да ја пренесат надвор од македонскиот пазар, но за тоа им треба домашна поддршка. И сè тоа го ставаме во овој закон. Сакам да знаете дека овој закон ќе биде подготвен заедно со нашиот стратешки партнер и врз основа на тоа ќе го доставиме во Собранието како да имаме можност преку средствата од Министерството директно да им помогнеме на македонски компании. Де факто така ќе направиме, македонски компании што ќе продаваат НАТО-производи – истакна министерот за одбрана.