Реклама

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Македонија

Хоџа: МЖСПП не е надлежно за отпадот во Куманово, трае постапката за избор на компанија за изградба на регионален центар за отпад во Свети Николе

Во врска со градот Куманово таму има постапка за избор на компанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со градот Куманово таму има постапка за избор на компанија која ќе реализира изградба на регионален центар за собирање на отпад во Свети Николе. Овој регионален центар се финансира од ЕУ и преку ИПА фондовите и Министерството не е директно инволвирано, изјави денеска на седницата за опозициски прашања министерот за животна Мухамет Хоџа одговарајќи на прашање на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ во врска со проблемот со депонијата Краста во Куманово и одложувањето отпад.  

– Последните информации што ги имаме се дека постапките се уште продолжуваат и оти чекаме наскоро финална одлука за која ние како Министерство се надеваме дека ќе биде позитивна, односно дека ќе се направи избор на компанија и операторот наскоро да почне со изградба на регионален центар за собирање на отпад што ќе биде во Свети Николе – изјави Хоџа.

Во согласност со нашите закони транспортот, собирањето и одложувањето на отпадот во нашата земја се во директна надлежност на локалната самоуправа. 

Реклама

Спасовски побара од министерот Хоџа писмено да достави до него информации во врска со новиот регионален центар во Свети Николе. 

На прашање од пратеникот Спасовски во врска со уредувањето на речното корито на Пчиња кај Шупљи Камен односно, дека приватна фирма вршела експлоатација на песок од таму со што, вели, се уништува и животната средина, поради што протестирале жителите на ова село министерот Хоџа рече дека ја следи загриженоста на жителите на ова населено место. Тој при тоа потврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање побарало од Инспекторатот да излезе на терен и да ја види фактичката состојба за да се утврди дали се почитува дадената дозвола за чистење на коритото на реката.

Исто така, Хоџа кажа дека побарал вонреден инспекциски надзор на работите на реката и посочи дека кога ќе го добие извештајот писмено ќе го извести пратеникот.

Во врска со случајот надлежни се повеќе институции и затоа е потребна една поопсежна анализа. Доколку договорот не е почитуван, рече Хоџа, дозволата ќе биде одземена.