Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ѓорѓиевски: Подобрена функционалноста на јавните претпријатија

Состојбите од пред 30 дена и функционалноста или нефункциналноста на ЈП  „Комунална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбите од пред 30 дена и функционалноста или нефункциналноста на ЈП  „Комунална хигиена“ – Скопје, на ЈСП „Скопје“ и со сите јавни претпријатија е далеку подобра денес од состојбата која ја имавме во минатото. Треба да земеме предвид дека јас сум градоначалник на главниот град еден месец, кој наследи долг од близу 300 милиони евра, но и наследи целосно девастирани и уништени јавни претпријатија, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговорајќи на новинарско прашање. 

Тој потсети дека првиот ден кога влегол на  функција во Град Скопје, механизацијата на ЈП  „Комунална хигиена“ – Скопје била 16 камиони. 

– Никогаш нема да се жалам и не покажувам слабост, иако имаме сериозни проблеми. Никогаш нема да го обременувам мислењето и расположението на нашите сограѓани затоа што ми е обврска, пред народот што ми дал доверба, јас да дадам се од себе и да ги поправам состојбите, рече Ѓорѓиевски. 

Реклама

Информира дека во моментов има 50-тина камиони што се во функција на „Комунална хигиена“ или три пати повеќе од бројката што ја наследил.

– Да, имаме дефекти. Се случуваат пропусти и не сме совршени. До март или април следната година обезбедуваме средства во буџетот за да набавиме нови камиони, обезбедуваме. Од страна на Министерството за транспорт и Светска банка и пред се со поддршка на премиерот ќе ни обезбедат уште 30-тина камиони. И работиме на тоа. Тоа не се процеси кои ги решаваме преку ноќ, изјави Ѓорѓиевски, кој додаде дека е намален бројот на диви депонии во Скопје и оти кејот, плоштадот и централното градско подрачје се исчистени.

Тоа го правиме, како што рече, без околу 600 лица кои беа на платни списоци, земаа плати, трошеа средства од граѓаните со години.  – Ги отстранивме од работа и не сме вработиле нови лица. Со помалку лица работиме и даваме се од себе. Состојбите нема да ги решиме преку ноќ, но даваме се од себе, нагласи Ѓорѓиевски.

Во однос на обвинението против поранешниот директор на „Комунална хигиена“ и управителот за отпад за загрозување на животната средина, според него, таму има доста работа за истражните органите. Ги охрабрува институциите да ја проверат состојбата и во Град Скопје и во сите јавни претпријатија и додаде дека е на располагање за да се „истераат постапките до крај“.