Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ѓорѓиевски одржа редовна координативна средба со скопските градоначалници

Градоначалникот на Скопје денеска одржа редовна координативна средба со градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, на која биле дефинирани следните чекори за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на главниот град. – Денес, заедно со моите колеги, градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје денеска одржа редовна координативна средба со градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, на која биле дефинирани следните чекори за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на главниот град.

– Денес, заедно со моите колеги, градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, одржав редовна координативна средба, на која ги дефиниравме следните чекори за подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани. Разговаравме отворено, конкретно и одговорно. Ги утврдивме приоритетите, ги усогласивме активностите и ги договоривме проектите што ќе значат подобро утре за секој скопјанец – објави Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Тој истакна дека Скопје може да оди напред само кога Градот и општините работат заедно, со јасна цел и со силна посветеност.

Реклама

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

– Затоа, нашата координација е работен процес преку кој решаваме реални проблеми, создаваме нови можности и градиме град што ќе биде поуреден, пофункционален и поблизок до потребите на граѓаните. Како Град Скопје, стоиме цврсто зад секоја општина. Таму каде што има потреба, ќе има поддршка. Таму каде што има иницијатива, ќе има реализација. Таму каде што има проблем, ќе има решение. Нашиот народ заслужува работа, резултати и дела што се гледаат. Скопје го градиме заедно – чекор по чекор, општина по општина, проект по проект – додаде Ѓорѓиевски.