Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Цената на нафтата на светските берзи полека паѓа. Се движи на границата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на нафтата на светските берзи полека паѓа. Се движи на границата од 85 долари за барел. Минатата недела, берзанската цена го надмина прагот од 100 долари за барел, па речиси сите земји во регионот реагираа, некои за запирање на покачување на цените, а други пак со воведување рестрикции. Во Македонија рестрикции нема, а и владините политики овозможија и оваа недела македонските граѓани да имаат најниска цена на горивата споредено со регионот. Согласно јавно објавените податоци на цените на нафтените деривати во регионот, цената на дизел горивото во Македонија е најефтино. Македонските возачи точат поефтин дизел од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Романија. Слична е и состојбата и со бензините од 95 октани, односно премиум бензините. Според анализата, Романците и Хрватите оваа недела ќе плаќаат највисоки цени за дизелот, а исто така и за премиум горивата.

„Ако на крајот од неделава планирате да заминете на продолжен викенд надвор од земјата, наточете гориво на последната бензиска станица во државава пред граница. На тој начин ќе заштедите некоја стотка“.

Од Регулаторна комисија, дополнително појаснија дека иако цената на светските берзи се нормализира и иако во одреден период се случи и поголемо намалување на суровата нафта, сепак нема да се одрази на цените во малопродажба. Причина се воените конфликти кои разрушија голем дел од рафинериите и треба подолг период за да се стабилизира преработката на сурова нафта.