Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Триесетина пациенти во Македонија со години ја водат најтешката битка – битката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесетина пациенти во Македонија со години ја водат најтешката битка – битката за ново срце. Секој ден го чекаат телефонскиот повик што може да им го спаси животот. Најтешко им е на оние кои живеат со механичко срце, бидејќи секој изминат ден значи сè помалку време. За животот меѓу надежта и неизвесноста раскажуваат двајца пациенти кои денес живеат со срце што некогаш чукало во нечии други гради.

Нагиб Али имал само 27 години кога се соочил со тешко срцево заболување, а Панде Пашариковски имал 39 години. Нивните приказни се различни, но пораката е иста – без органодарители нема нова шанса за живот. Тие својата ја добиле во странство, бидејќи пред 10 години во Македонија воопшто не се изведувале трансплантации на срце.

„Треба државата и Министерството за здравство да направат нешто – реклама, кампања. Да направат некоја кампања: „Дарувајте органи, спасете животи“. Ова е врв на хуманоста. Се собираат пари за некое лекување во странство, даваш 100 евра и се гордееш, така? А да спасиш осум луѓе?“ – вели Нагиб Али, пациент со трансплантирано срце.

Реклама

„Ние живееме во една таква хумана држава. Како народ сме хумани. Јас се надевам дека секој ќе донесе правилна одлука органите да се донираат за овие млади луѓе што чекаат шанса за живот. Некои имаат и мали деца, за тие да растат заедно со своите родители и да му се радуваат на животот со двајцата родители.“ – вели Панде Пашариковски, пациент со трансплантирано срце.

Меѓу пациентите во Македонија кои живеат со механичка срцева пумпа е и сопругот на Ирена Ралева Најдевска. Таа вели дека пациентите се соочуваат и со бројни предрасуди и дезинформации за органодарителството.

„Она што нам ни треба е силна кампања, силна едукација и информираност на населението. Ја споменав оваа дарителска картичка и ќе си земам за право да искоментирам дека веќе осум години сум регистрирана како потенцијален донор. Тоа не значи дека досега некој ми се заканувал, дека некој ме следел или дека некој ме убил. Жива сум.“ – вели Ирена Ралева Најдевска, сопруга на пациент со механичко срце.

Со новото законско решение, одлуката за донирање органи по смртта повеќе нема да ја носи семејството. Од 1 октомври секој што има трошка емпатија и хуманост во себе доброволно ќе може да ја изрази својата согласност кај својот матичен лекар, потсетува Ралева Најдевска.

Секој што ќе каже „да“ за органодарителството може да стане нечие утре.