Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Прилози

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Тешко дека ќе има договор за новите изборни правила пред истекот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тешко дека ќе има договор за новите изборни правила пред истекот на рокот. Премиерот Мицкоски е песимист, затоа што, вели дека Македонија си има работа со неодговорни и незрели политичари. Устите им се полни со Европа, рече премиерот, но кога ја немаат власта во раце, го блокираат европскиот пат. Новиот изборен законик, не е желба на власта, туку услов од Европската Унија. Мицкоски вели, не ми верувајте мене, сами слушнете што кажа еврокомесарката Кос.

-Мене не мора да ме слушаат, неважен сум јас во случајов, еве нека ја слушаат комесарката Кос. Таа го кажа дека тоа е дел од реформите кои што се битни за евроинтеграција. Знаете чудни се некои политичари во опозицијата, кога станува збор за нивен интерес, односно да бидам попрецезен за нивен џеб, тогаш полна им е устата со Европа, Европа и само Европа. Кога треба да зборуваме за одговорност и носење потези и кога се во опозиција тогаш се прават само за да ние таму не стигнеме, каде што треба да стигнеме, изјави Мицкоски.

Реакцијата на премиерот следи откако опозициската СДСМ, која беа некаков аргумент го блокира законот, излезе со тврдење дека Брисел не барал нов закон, туку спроведување на фер и демократски избори. Инаку, минатата недела еврокомесарката Кос директно кажа дека Македонија исполнила цели 90 проценти од рефромската агенда и дека недостасува само изборниот законик.

Реклама

-Спроведовте 90 проценти од 10-те реформи кои што требаше да се исполнат до 15-ти јули и тие последни 10 проценти секако се изборниот законик, кој што ќе биде усвоен. И тука ги повикувам сите партии за заеднички меѓупартиски консензус, за можеме да имаме 100 процентен успех, се надевам дека тоа ќе се случи, а кога тоа ќе се случи тоа ќе биде во полза на државата, изјави Кос пред точно една недела.

Мицкоски повторни дека тие како владина коалиција им дале бланко карта на опозициските СДСМ и Левица да подготват текст каков што сакаат, со вклучено гласање на дијаспората и тие како власт ќе го прифатат бланко. Но и тоа не било доволно.

-Имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата, ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став и на маса им кажавме еве договете се, напишете го, донесете го, се додека гласањето на дијаспората е вклучено во истиот, ние бланко ќе го поддржиме, поминаа денови, тие се натегаа кој кого ќе го викне и каде ќе се одржи тој состанок помеѓу опозицијата, изјави Мицкоски.

Инаку, денеска истекува рокот за целосно исполнување на реформската агенда, за законите кои се во грејс периодот. Исполнето е се, освен токму изборниот законик. Поради блокада од СДСМ и Левица, Македонија ќе остане без сериозни финансиски средства од планот за раст, кои ЕУ ги има обезбедно за земјите Западен Балкан.

Матеја Петровски