Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

„Студентски отпор“ апелира пратениците да ги зголемат парите за студентите

Пратеничките групи во Собранието да го искористат последниот рок за поднесување амандмани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничките групи во Собранието да го искористат последниот рок за поднесување амандмани на Буџетот и да им излезат во пресрет на студентите, односно да се зголемат парите предвидени од МОН, апелира Движењето „Студентски отпор“. Во Предлог-буџетот за 2023 година се намалени речиси сите ставки за студентите и за инвестиции во образованието.

Од студентското движење особено се загрижени за намалените пари за „изградба и реконструкција на студентски домови” за 31 процент и за „енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови” за дури 46%.

  • „Со зголемување на средствата бараме зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари и задржување на постојните критериуми, но исто така бараме во студентските домови да има повисок квалитет на храна и лифтовите да работат во текот на целиот ден. Во делот на инвестициите во образованието бараме да се предвидат средства за реконструкција на сите студентски домови“, се наведува во соопштението.

Минатата недела студентите протестираа во два наврати незадоволни од тоа што не се инвестира во студентскиот стандард и во квалитетот на образованието. Но и покрај средбите со власта и ветувањата дека ќе им се помогне, во Собранието не помина амандманот со кој на студентите требаше да им се зголемува износот за студентски оброк.

Реклама

Борис Грујоски