Сред лето, во дел од угостителските објекти во Струга, наместо чаша вода од чешма, ќе добиете сметка за флаширана вода. Во екот на туристичката сезона, бесплатна вода не се служи. Под изговор дека водата од гратскиот водовод не е безбедна за пиење, угостителите ги убедувале гостите да купуваат флаширана. Стравот е неоправдан, jавноста непотребно се вознемирува, возвраќаат од Јавното претпријатие „Водовод“ кои секојдневно примале поплаки од граѓаните и гостите.
“Од страна на одредени угостителски објекти им се кажува дека водата не е за пиење и им се нуди флашитана вода.Сакам да ви кажам дека водата е со одличен квалитет и може да се користи за секаква намена. Мислам дела ова се прави со цел да се зголеми профитот на угостителските објекти,ако знаеме дека една флаширана вода чини од 70 до 100 денари и нагоре” –вели Јованчо Мечкароски, директор на Ј.П.”Водовод”-Струга
Во однос на изворите во Шум,кои еден месец без забранети за користење поради енормното загадување на водата за пиење која ја користат околу 20.000 домаќинства во Струга и струшко, од претпријатието велат дека санацијата сè уште не е започната бидејќи 6 месеци се чекаат насоки од Обвинителството.

“Во моментот изворите во Шум, нема санација, бидејќи се уште се чека насоки од одбинителството. Ние немаме изготвено решение, бидејќи мора да постапуваме по тоа што ќе ни биде доставено од страна на јавното обвинителство. Поднесовме барање до Владата за определување на заштитни зони и истото го направи и советот на општина Струга. Добивме одговор и насоки до кои што е испратено барање, до надлежни институции за изготвување на заштитните зони, но се уште немаме конкретен одговор кога би се прогласиле истите.”-вели Мечкароски
Од ОЈО кусо,велат дека е превземаат истражни дејствија и дека се очекувале резултати од уште едно вештачење по што ќе била донесена јавнообвнителска одлука.
Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски
