Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

26 јули 1963 година. Утро кое жителите на Скопје никогаш нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

26 јули 1963 година. Утро кое жителите на Скопје никогаш нема да го заборават. Земјотрес со јачина од 6,1 според Рихтер ја потресе земјата, а за само неколку секунди голем дел од градот беше разурнат. Домови, куќи, згради, училишта беа оштетени или целосно срушени. Во катастрофата загинаа повеќе од 1000 луѓе, а повеќе од 3000 беа повредени. Илјадници семејства останаа без покрив над глава.

„Овде, времето пред 63 години застана во 5 часот и 17 минути. Часовникот зад мене и денес сведочи за едно од најтрагичните утра во Скопје – утрото кога разорниот земјотрес го погоди градот и за само неколку секунди остави зад себе пустош.“

Оние кои го преживеале земјотресот, се сеќаваат на тој кобен ден и раскажуваат за големата несреќа. Владанка Јаневска која тогаш имала 13 години вели дека целиот град бил срамнет.

Реклама

„Спиевме, и јас наеднаш се најдов под кревет, а мајка ми вика, вика по нас, што побргу надвор да излеземе. Сите излеговме, не само ние, него и сите комшии. Потоа спиевме надвор, ни донесоа шатори и на нас и на комшиите и така спиевме.“- вели Владанка Јаневска.

Стравот од нови потреси ги натерал скопјани да ги поминуваат ноќите надвор.

„Наеднаш туку ќе видиш некој се гушкаат, се виделе дека се живи, се гушкаат и плачат. Видовме една зграда целата беше срушена и висат купатилата, шољи, кади, виси тоа на ѕид што останало. Така да беше вистина страшно.“- вели Владанка.

Во тие тешки денови, Скопје сепак не остана само. Помош пристигнуваше од сите страни на тогашната Југославија, но и од целиот свет. Спасувачки екипи, лекари,војници и доброволци помагаа во спасувањето на преживеаните и расчистувањето на урнатините. Донации со храна, облека, лекови и шатори. Луѓе од различни земји се обединуваа во Скопје со цел да застане на нозе.

По катастрофата започна и огромниот процес на обнова. Јапонскиот архитект Кензо Танге изработи визионерски урбанистички план за обнова на македонскиот главен град. Скопје постепено се реконструираше. Во годините што следуваа беа изградени нови населби, училишта, болници и јавни објекти.

Денес, 63 години подоцна, Скопје живее со споменот на трагедијата, 26 јули останува ден за сеќавање и потсетник дека со сплотеност и соработка може да се надминат дури и најтешките трагедии.