Реклама

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

3 до 4 пати е поголем растот на платите споредено со времето на минатата власт

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Прилози

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

СДСМ си го зголемува кругот на самопрогласени непријатели. Сите што не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ си го зголемува кругот на самопрогласени непријатели. Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, така барем смета Филипче. Оние кои бараат партиски реформи, поради катастрофалните резултати и политики признава дека се откажалале од партијата, но ги набедува дека биле финансирани од власта, па немало да ги коментира.

-Јас не би ги коментирал проектите на Христијан Мицкоски. Жал ми е што дел од другарите се откажаа од партијата, од својата идеологија, тоа е веќе видено. Тоа е претходниот проект ЗНАМ, кој што еве постепено пропаѓа. Ист е организаторот и ист е финасиерот, ние сме посветени на друга работа, да го окрупнуваме фронтот, изјави Филипче.

Праксата на напади продолжува, па последно на тапет се најде аналитичарот Петар Арсовски.   Според СДСМ тој со години работел за партијата ,а  сега гоп обвинија дека си ја продавал верата за вечера. Убедени се дека шурувал со ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

-Јас сум отворен за било која дебата и за било која дискусија и сите тие луѓе кои што седеа таму на масата, но и многу други, кои што верувам дека ќе сфатат дека овие луѓе сакаат да ги замаат и да ги привлечат во некој друг правец, единствено нешто што може да одработат е да го ослабат СДСМ, затоа што ние од тоа не видовме јасна критика за власта. А тие т.н. новинари и аналитичари ги гледаме, како низ текот на годините, врз на основа на близината со одредени политички субјекти и поединци ги менуваат, изјави Филипче.

Инаку, поради состојбите во СДСМ, поранешни и сегашни видни партиски функционери фомираа платформа насловена „Разговори за иднината“. Од таму велат дека на Македонија и е потребен општствен договор, како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени.

Матеја Петровски