Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Салиу: Македонија е лидер во почитување на правата на Ромите

Оваа влада предводена од Христијан Мицкоски направи значаен исчекор во пристапот кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа влада предводена од Христијан Мицкоски направи значаен исчекор во пристапот кон ромските прашања и политиките за инклузија. Особено е значајно што четири министерства – за образование и наука, за здравство, за транспорт и за социјална политика, демографија и млади располагаат со директно обезбедени буџетски средства за реализација на мерките и активностите од Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, изјави министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на оваа стратегија, Шабан Салиу.

На прес-конференција денеска тој информираше за унапредувањето на положбата на Ромите, при што соопшти дека за учебната 2024/2025 е обезбеден ангажман на 43 ромски образовни медијатори во 26 општини, а првпат во учебната 2025/2026 година има 21 ромски образовен медијатор и во средно образование за поддршка во 33 средни училишта во 16 општини. Доделени се 1200 стипендии за средношколци од јавните и приватните училишта во државата, како и 1104 стипендии за студенти Роми од јавни и приватни универзитети. Унапредување на ромската култура се овозможува и со одобрението на учебник за шесто по изборниот предмет Јазик и култура на Ромите на конкурсот на МОН.

Во областа на здравството, преку Програмата за ромски здравствени медијатори која, како што рече Салиу, повеќе од десет години е пример за добра практика, во 2025/2026 се  обезбедени 6 милиони денари и ангажирани 20 здравствени медијатори.

Реклама

Во областа на домувањето и инфраструктура, од 2023 до 2025 планирана е изградба на 32 објекта со 1723 станбени единици, од кои на почетокот на 2025 се завршени 29 објекти со 1586 станови.

-Паралелно, Министерството за транспорт има објавено огласи за доделување социјалкни станови во Свети Николе и Пробиштип кои во овој момент би требало да се реализираат. Дополнително, обезбедени се 20 милиони денари за проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во општини со значително ромско население. Истовремено, конкурсот продолжува и во 2026 година, рече Салиу.

Во областа на социјалната заштита, преку ромските информативни центри е обезбедена директна поддршка за ромската заедница. Од август до декември 2025 реализирани се вкупно 1504 услуги, од кои најголем дел во областа на социјалната заштита, образованието, здравството, вранботувањето, домувањето и издавањето лични документи.

Салиу посочи и дека се работи на подобрување на пристапот до предучилишно образование и дека секоја учебна година децата Роми од семејства во социјален ризик се ослобоидени од плаќање партиципација во градинките. Во градинките се запишани 472 деца Роми, од кои оваа мерка ја користат 150. Како што рече, со владин заклучок е предвидено вклучување на 350 деца од социјално ранливи семејства во 21 градинка, без плаќање партиципација.

Програми за Роми има и во Оперативниот план за вработување во вид на поддршка за отворање сопствени бизниси со цел, рече Салиу, да да се намали невработеноста на младите Роми и тие поактивно да се вклучат на пазарот на трудот. 

Салиу рече и дека е особено горд на соработка со релевантни меѓународни институции, како и со невладиниот сектор, со чија поддршка и во рамки на разни програми се изработени голем број документи и организирани работилници. Најави и проект што се изработува со поддршка на Владата – стандаризација на ромскиот јазик, со што, рече, нашата држава ќе биде единствена во светот. 

-Како министер Ром и член на Владата свесен сум за одговорноста што ја носи оваа функција и затоа пристапувам професионално, посветено и транспарентно. Фактот што Ромите денес се активно вклучени во креирањето и спроведувањето на политиките носи силна порака дека нашето општество се движи кон вистинска еднаквост и инклузија. Лично сметам дека Македонија е лидер во поглед на почитување на правата на Ромите, истакна Салиу. 

На прашањаето дали очекува повторно доверба од премиерот Христијан Мицкоски со реконструкцијата на Владата, Салиу одовори дека за тоа одлучува премиерот, но смета дека се видливи резултатите од посветената работа на неговиот Кабинет. Додаде дека како никогаш досега немало толку дадени можности од Владата и од премиерот за овој кабинет – и во техничка поддршка и во бројот на вработени што работат со него. 

-Владата предводена од Христијан Мицкоски направи преродба во почитување на овој кабинет и кој било да работи со оваа влада успехот е неминовен и ќе биде забележителен, рече министерот.