Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

По цели осум месеци неизвесност и бројни апели, од понеделник стотината пациенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По цели осум месеци неизвесност и бројни апели, од понеделник стотината пациенти во струшката Специјализирана болница за нефрологија конечно ќе ја добиваат неопходната еритропоетинска терапија. Станува збор за лек без кој нивното лекување е незамисливо, а секојдневното функционирање сериозно нарушено.

Проблемот започна уште во ноември минатата година, кога престана да се испорачува лекот, а заменската терапија ја добивавме нередовно и во недоволни количини, раскажува стружанката Бранкица Размоска. Наместо, вели, сите пациенти да ја примаат терапијата, лекот се распределуваше селективно, според моменталната крвна слика. Поради тоа, кај дел од пациентите дојде до пад на хемоглобинот, слабост и дополнително влошување на здравствената состојба.

„Ние сме пациенти кои три пати неделно по четири часа одат на дијализа и сме во ранлива категорија. Овие се неопходни работи што мора да ги имаме ние во институцијата. Мора да се најде, мора да се набави лекот. Што останува следно да снема? Физиолошки раствор?“ – вели Бранкица Размоска, пациент.

Реклама

Пациентите предупредуваат дека лекот е неопходен за одржување на крвната слика и дека неговиот недостиг може да предизвика сериозни последици. Дел од нив, бидејќи не можеле да го добијат во болницата, биле принудени сами да го набавуваат, а поради високата цена во земјава, го купувале и во соседството, каде што е значително поевтин.

„Јас не излегов за да барам кривец, туку излегов да апелирам во име на пациентите на дијализа до сите надлежни институции, до нашиот директор, до надлежните институции, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, да кажат која е причината зошто лекот го нема и да се бара соодветно решение.“ – вели Бранкица Размоска, пациент.

Директорот Јетмир Зиба посочува дека тендерската постапка била навреме завршена, но добавувачот не ја испорачал целата договорена количина, поради што во болницата пристигнувале само ограничени залихи.

По бројните реакции и апели до надлежните институции, терапијата конечно е обезбедена. Пациентите велат дека ова е олеснување, но очекуваат лекот отсега да се набавува навремено и континуирано, за никогаш повеќе да не се доведе во прашање нивното лекување и здравје. Најстариот пациент кој оди на дијализа во Струга има 94 години, а најмладиот 27.