Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Економија

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата за Предлог-ребалансот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, при што пратениците разгледуваат амандмани, голем дел поднесени од опозициските партии. 

Меѓу амандманите беше и предлогот на пратеничката група на Левица за обезбедување дополнителни средства за зајакнување на кадровските капацитети на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), пред сè преку вработување нов инспекциски кадар.

Образложувајќи го амандманот, пратеничката Јована Мојсовска истакна дека АХВ се соочува со недостиг на инспектори во услови на зголемен обем на работа и актуелни случаи поврзани со квалитетот на храната на домашниот пазар. Таа оцени дека е неопходно зајакнување на инспекциските служби за поефикасен надзор и поголема заштита на здравјето на граѓаните.

Реклама

– Сметаме дека е неопходно зајакнување на инспекциските капацитети, особено ако се има предвид актуелниот контекст и случаите поврзани со увозот и квалитетот на млечните и месните производи. Безбедноста и квалитетот на храната треба да бидат приоритет на секоја влада-рече Мојсовска.

Во име на мнозинството, пратеникот Малиша Станковиќ посочи дека во Буџетот за 2026 година веќе се предвидени нови вработувања во АХВ согласно годишните планови на институцијата.

– Моментално има кадри кои се во процес на менторство и по завршувањето на таа постапка ќе можат да работат како инспектори за храна и ветеринарство. Со тоа дополнително ќе се зајакнат инспекциските служби, поради што амандманот не се прифаќа-истакна Станковиќ.

Расправата прерасна во политичка дебата откако Станковиќ оцени дека Левица истовремено бара нови вработувања и ја критикува власта за партизација на институциите.

Мојсовска возврати дека проблемот не е во новите вработувања, туку во начинот на избор на кадрите.

– Кај нас не е проблем вработувањето, туку вработувањето на партиски кадар наместо стручен кадар. Во институциите постои сериозен недостаток на професионалци и тоа е суштината на нашите забелешки – истакна таа.

Во дискусијата се вклучи и претседателката на Комисијата Сања Лукаревска, која оцени дека покрај кадровското екипирање, потребно е да се подобрат и транспарентноста и отчетноста на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Таа повторно го отвори прашањето за, како што рече, сè уште необјавениот извештај за контролите на млечните производи на пазарот, потсетувајќи дека јавноста била информирана оти резултатите ќе бидат соопштени на 11 јуни.

– Денеска сме 11 јули, а сè уште немаме извештај за резултатите од анализите на производите што ги консумираат граѓаните. Потребна е поголема транспарентност за тоа што јадеме и кои се наодите од контролите, рече Лукаревска.

Пратеникот Станковиќ оцени дека АХВ за првпат спроведува подетални контроли на квалитетот на производите, а не само на нивната безбедност. Според него, токму актуелното раководство на Агенцијата отворило прашања кои претходно не биле предмет на ваков инспекциски надзор.

Во дебатата се вклучи и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој ја обвини опозицијата дека создава непотребна вознемиреност кај граѓаните околу безбедноста и квалитетот на храната.

– Не можам да ја разберам политиката на креирање паника. Ако денес се откриваат слабости и се вршат контроли, тогаш логично е да се праша што се случувало во изминатите години и зошто тие прашања не биле отворени порано-рече Стојановски.

Тој оцени дека дел од опозициските настапи се насочени кон создавање негативна слика за состојбите во државата и ги поврза со, како што рече, претходни предупредувања на опозицијата за финансиската стабилност, пензискиот систем, миграцијата и цената на електричната енергија.

Стојановски повика на посуштинска парламентарна дебата и фокусирање на конкретни решенија наместо, како што рече, „ширење страв и политички конструкции“.

По расправата, мнозинството го одби амандманот за дополнителни средства за Агенцијата за храна и ветеринарство.

Комисијата за финансирање и буџет меѓу другото разгледуваше и амандман со кој опозицијата бара враќање на 50 милиони денари во програмата за демографија и миграција, средства кои се предвидени за кратење со ребалансот.

Образложувајќи го амандманот, пратеничката Јованка Тренчевска оцени дека намалувањето на средствата за демографски политики е неоправдано во услови кога државата се соочува со сериозна демографска криза и иселување на младите. Таа истакна дека амандманот има цел да ги врати средствата во програмата за да може Владата да ги спроведува мерките што ги најавува во областа на демографијата и миграцијата.

Во расправата, пратеникот Фатмир Битиќи нагласи дека демографските прашања не се обична буџетска ставка, туку прашање за идниот развој на државата. Според него, Македонија се соочува со намален наталитет, иселување на младите и недостиг на работна сила, поради што средствата за демографски политики треба да се зголемуваат, а не да се намалуваат.

– Ако нешто треба да биде приоритет, тогаш тоа се инвестициите во луѓето. Демографската криза не е предупредување, туку реалност и затоа средствата за овие политики треба да останат во буџетот – истакна Битиќи.

Тој додаде дека предложените средства не подразбираат нови задолжувања или зголемување на буџетскиот дефицит, туку пренамена на средства од други расходни ставки.

По паузата, Комисијата ќе ја продолжи расправата по овој амандман, како и по останатите амандмани поднесени на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година.