Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Економија

Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи, вели Николоски

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од активностите за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во шенген-зоната и истакнува дека со процесот што државата го води самостојно преку билатерални разговори веќе им се издаваат долгорочни работни визи.   

– Ние разговорите ги водиме билатерално. Имавме активности што беа јавни, но имаме и доста активности на дневно ниво и така ќе продолжиме да работиме. Веќе се договоривме со Швајцарија, со Хрватска, Романија, во финална фаза сме на договор со Словенија, со Австрија и со Германија, што на некој начин го решава целокупниот проблем на македонските транспортери преку издавање долгорочни работни визи за нив, а кои веќе почнаа да им се издаваат. За Грција и за Бугарија веќе функционира, односно се водат како прекугранични зони и таму воопшто и не се бројат деновите на престој – рече Николоски на новинарско прашање.

Тој потенцира дека државата не е и нема да биде дел од ниедна група на земји од регионот и го води процесот самостојно затоа што било злоупотребено од одредени други земји, како што рече, дел за естрада дел за политички поени таму. – Сè што кажаа од тие соседни држави до сега не се реализира, а тоа може само да нè доведе до забуни и да нанесе сериозна штета на домашното стопанство –  изјави Николоски. 

Реклама

Македонските транспортери, посочи, се доволно свесни и јасно им е – не треба да се потпаѓа под туѓи пропаганди и треба да си ја гледаме нашата работа. 

– Во моментот сум апсолутно задоволен како се одвива нашата работа и како се решаваат проблемите за нас. А што ќе прават другите, тоа е нивна работа и оставам на нив да ги кројат своите политики и стратегии. Она од што сум особено револтиран е дека во март почнавме разговори со Европската делегација и со Европската комисија на експертско ниво. Тие разговори се зад затворени врати од причина што треба најмалку три-четири циклуси за да се дојде до некое решение. На магичен начин имаше брифинг од тие разговори во една соседна држава, излегуваа во јавноста и се изгуби целата поента, што мислам дека е недозволиво. И затоа решивме да го водиме и да го завршиме процесот сами – изјави вицепремиерот Николоски.

Тагови